Рено ќе вложи 350 милиони долари за производство на нов пикап во Аргентина

Новиот пикап ќе биде заснован врз концептот Нијагара што постигнува погон на сите тркала со помош на малечок електромотор назад.

Групацијата Рено вложува 350 милиони долари во Аргентина, за да произведува нов пикап со носивост од половина тон. Тоа е еден од осумте модели наменети за светскиот пазар, што беа најавени во 2023 година, како дел од новата стратегија за интернационалниот пазар.

Пикапот ќе биде заснован врз концептот Нијагара, камионет со четири врати и цврст изглед на СУВ, вклучувајќи заштитни плочи оздола, носач на рефлектори и кровен носач за багаж, како и проширени крила. Возилото ќе ја користи модуларната платформна на Рено, РГМП, наменета за модели за светските пазари.

Францускиот производител на 16-ти септември го најави вложувањето во Кордоба, Аргентина. Рено ќе вложи вкупно 3 милијарди евра за ширење на светскиот пазар. Во времето на поранешниот извршен директор Карлос Гон, марката Рено го зголеми уделот на продажбата вон Европа на околу 50 проценти. Тоа главно беа модели од помалите класи, но уделот се смали во изминатите години, под менаџерството на Лука де Мео.

Концептот Нијагара е заснован врз Модуларната Платформа на групацијата Рено, наменета за модели долги меѓу 4 и 5 метри.

Лани околу 63 проценти од продажбата на марката Рено беше постигната во Европа, но продажбата на светските пазари порасна за 9 проценти. (Моделите на Дачиа на речиси сите пазари во Европа се продаваат под романската марка, но на некои пазари ширум светот се продаваат под марката Рено.)

Во рамките на Интернејшенел Гејм План 2027, како што се нарекува стратегијата за глобален раст, намерата е до таа година да се лансираат осум нови модели, базирани врз две платформи. Едната од тие платформи е на партнерот Џили и наменета е за модели со средна и полна должина, додека другата е РГМП, за модели долги меѓу 4 и 5 метри.

Рено има цел двојно да го зголеми прометот по возило во споредба со 2019 година и се сосредоточува на компактни и поголеми модели.

Од тие модели, досега се лансирани малечкиот СУВ Кардијан, врз платформата РГМП, и Гранд Колеос, СУВ со средна големина, врз платформата на Џили.

Рено Аласкан одамна се произведува во Аргентина, тоа е поголем покап со новисост од преку 1 тон, базиран врз Нисан Навара

Новиот пикап ќе биде третиот модел. Тој ќе се произведува единствено во Аргентина, за домашниот пазар и за извоз, потврди Рено. Околу 65 проценти од продукцијата ќе се извезува.

Рено не откри повеќе подробности околу новиот пикап. Групацијата веќе го има во понуда пикапот Рено Ороч, којшто е базиран врз Дачиа Дастер и се продава во Латинска Америка. Тој е сличен со концептот Нијагара.

Платформата РГМП може да се користи за модели со преден или со погон на сите тркала, со мал електромотор назад. Од погонските единици се користат обични бензинци и дизели, 48-волтен благ хибрид и целосен хибрид.

Претходна објаваПоевтините електрични автомобили ќе поттикнат бурен раст во продажбата
Следна објаваКина предупредува дека царините за електрични возила ќе ѝ наштетат на Германија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here