Прово кажа дека Рено не се соочува со потешкотии во снабдувањето со батерии, но компанијата мора да вложува напори за да излезе во пресрет на побарувачката за електрични возила. За таа цел, формиран е посебен работен тим.
„Во моментов го пречекоруваме капацитетот (на нашите добавувачи) поради војната во Иран,“ изјави Прово за време на автомобилскиот конгрес во Брисел.
Францускиот производител разгледува можности, во второто полугодие да воведе дополнителни смени во фабриките за електрични автомобили во Дуе и Мобеж во Франција и во словенско Ново Место.
Побарувачката за електрични автомобили се вивна, откако поскапените цени на горивата, поради војната во Иран, ја зголемија побарувачката и за нови и за користени електрични возила.
Во првите четири месеци од 2026 година, продажбата на целосно електрични автомобили во Европа забележи раст од 29 проценти, со близу 1 милион продадени возила.
Прово вели дека зголемената побарувачка за ЕВ ќе „се намали“ откако ќе заврши војната во Иран и ќе се нормализираат цените на горивата, но преоѓањето на електрични возила и натаму ќе се одвива забрзано.
„Веќе ги приспособивме нашите претпоставки“ за продажбата на ЕВ, кажа Прово.
Тој кажа дека во среден рок би сакал кинескиот производител на батерии Енвижн да започне со производство на батерии литиум-јон железо-фосфат (ЛФП) во својата фабрика во Дуе.
Батериите ЛФП се значително подостапни од вообичаените батерии за ЕВ, во нив не се користи кобалт и никел, и во моментов преовладуваат на пазарот на ЕВ во Кина.
Батериите обично учествуваат со половина во трошоците за производство на електричен автомобил, така што преоѓањето на ЛФП ќе му овозможи на Рено да им понуди подостапни ЕВ на своите клиенти.
Додека соперничкиот концерн Стелантис договори изнајмување на своите недоволно искористени фабрики во Европа, на кинеските производители Липмотор и Донгфенг, Прово напомена дека Рено ги одбил компаниите што побарале да ги користат производстените линии на групацијата.
„Сите контактираат со Рено и тоа се случува подолго време,“ каѓа Прово.
Но, „не се обидувам да решавам проблеми со вишок персонал или со прекумерен капацитет,“ кажа шефот. „Ние немаме такви проблеми.“
















