Џип на сто жители на САД што се викаат Џорџ Вашингтон ќе им дари возило, но има услов

Светското првенство во фудбал е во тек, а жителите на САД со име Џорџ Вашингтон имаат дополнителен поттик да навиваат за својата репрезентација.

Џип се рекламира како најпатриотска марка од земјата и не остава простор за сомнежи околу тоа. Сто жители на САД, со име Џорџ Вашингтон, се надеваат дека ќе освојат Џип Вранглер, но за тоа да се случи, и репрезентацијата на земјата мора да постигне.

Џип очекува многу од настапот на домашната репрезентација на светското првенство во САД, и на првите сто жители, што се викаат Џорџ Вашингтон, им ветува нов Џип Вранглер како подарок. Условот е САД да го освоjат светското првенство во фудбал во 2026 година.

Марката по којашто голем дел од светот ги нарекува сите теренски возила џипови, ги повика сите граѓани на земјата што се водат во официјалните документи со име Џорџ Вашингтон, да се регистрираат на посебниот вебсајт. Првите сто што ќе се регистрираат, влегуваат во игра.

Секој од нив ќе излезе од салон со нов Џип Вранглер, доколку САД го освои светското првенство во фудбал.

На тв-каналите и на сите друштвени мрежи, врви кампања во којашто прочуената комичарка Илајза Шлезингер, се јавува во улога на директорка на Џип за фудбал. На јутјуб, фејсбук, икс, тикток, инстаграм, пуштено е видео во траење од 60 секунди.

Претходна објаваВодородниот погон сепак не е совршен, проблем се резервоарите
Следна објаваРено со голем раст во продажбата на електрични автомобили откако почна војната во Иран

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here