
Производителот на популарни модели, како што се Клио или Сеник, ќе се здружи со францускиот производител на аеронаутика и одбранбена техника Тургис Гајар во проектот за дронови, со којшто ќе раководи француското министерство за одбрана.
„Француското министерство за одбрана нé контактираше пред неколку месеци во врска со проектот на развој на француска индустрија за дронови“, изјави Фабрис Камболив, директор за развој на компанијата Рено, во разговор за францускиот информативен канал БФМ ТВ.
„Тие ни се обратија поради нашата индустриска, производствена и конструкторска експертиза“, кажа Камболив.
Рено и Камболив сепак не ги потврдија објавите во францускиот магазин Нувел Узин, во коишто се наведува дека во фабриките на Рено во Клео и Леман, во Франција, масовно ќе се произведуваат дронови.
Во соопштението по тој повод, Рено наведе дека не може точно да наведе кои локации во Франција ќе бидат вклучени во проектот со дроновите, затоа што прво мора да се советува со работничките синдикати.
Камболив уверува дека автомобилската индустрија и натаму ќе биде основна дејност на Рено.
Францускиот претседател Емануел Макрон во минатата недела повика да се зголемат трошоците за војската, за земјата да се соочи со растечките глобални закани, иако уште останува неизвесноста околу буџетот на француската држава.
Се бара вложување 36 милијарди евра за дополнителни ресурси, со коишто „ќе се зголеми обемот“ на француската војска до 2030 година, изјави Макрон на 15-ти јануари.
Рено наведе дека се вклучува во овие планови поради своите искуства во конструирањето, индустријализацијата и масовното производство на производи со висока технологија, како и поради своите способности да ги контролира квалитетот, трошоците и роковите.
NEW: French automaker Renault will start producing long-range attack drones in France under a military project called “Chorus.”
Production will take place at Le Mans (drone assembly) and Cléon (engines), under oversight of France’s DGA and with defense firm Turgis Gaillard.… pic.twitter.com/pXaIGezziO
— Clash Report (@clashreport) January 19, 2026
Според францускиот весник Ла Трибун, двата партнери би произведувале тактички дрон со распон на крила од околу 10 метри „по мошне конкурентна цена“. Месечно би се проиведувале до 600 дронови до завршувањето на првата година на проектот.
Рено не излезе со коментар околу овие информации.
Француската држава поседува удел од 15 проценти во акциите на Рено и со тоа има силно влијание врз производителот на автомобили, иако не толкав обем како по втората светска војна, кога Рено во целост ѝ припаѓаше на државата. Приватизацијата се случи дури во средината на 1990-те години.
Во последните месеци, француската и европската автомобилска индустрија се повикани да помогнат во проектирањето и масовното производство на воена опрема и наоружување, во различен обем.
Добaвувачот Валео е член во „пакт за одбранбени дронови“ со уште стотина компании од различна големина, додека Фондери де Бретањ, специјалист за делови за автомобили, се подготвува да произведува чаури за муниција.















