за

Шефот на Рено повикува за „Eрбас на автомобилската индустрија“

Во писмо на 20 страници до Европа, шефот на Рено, Лука де Мео, бара автомобилските производители да се здружат исто како Ербас.

Лука де Мео, прв човек на групацијата Рено, напиша долго отворено писмо до европските политичари. Тој бара индустриска политика на ЕУ што ќе се бори за зачувување на автомобилската индустрија.

Извршниот директор на групацијата Рено и претседател на европското автомобилско лоби АЦЕА, Лука де Мео, бара Европската Унија да донесе нова индустриска политика, за европската автомобилска индустрија да биде зајакната пред предивиците што ги поставуваат кинеските соперници.

Роден во Милано, Италијанецот на чело на француската групација, во вторникот преку отворено „писмо до Европа“ се обрати до носителите на европската политика и побара реформи. Повод за обраќањето се европските извори во јуни. Главната порака на Де Мео е да се донесе индустриска политика на ЕУ, што ќе се брани од конкуренцијата од Кина и од САД.

„Пред да отпочне изборната борба со своите спротивставувања, сакам да го искажам својот став, не со цел за јас да се вклучам во политиката, туку за да придонесам да се избере вистинската политика“, пишува Де Мео. Европа трпи од премноги закони и премалку стратешко планирање, цени топ-менаџерот.

Во писмо долго 20 страници, тој предупредува дека треба да се постапи итно. Во спротивно, енергетската пресвртница во автомобилската индустрија во насока на електричните автомобили, ќе биде неуспешна, предупредува Де Мео. Во „Писмо до Европа“, шефот наведува подробен опис за неговата замисла за „Ербас на европскта автомобилска индустрија“ со којашто тој има настапено повеќепати досега. Замислата е државата (односно ЕУ) да ги распоредува задачите меѓу производителите за сите големи предивици, односно секој производител да добие посебна улога.

Ербас како пример за автомобилската бранша

Шефот на Рено зборува за „индустриска обнова во Европа“, во којашто браншата ќе се реши за „соработка во сите сектори“. Тоа подразбира на големите проекти да се работи заеднички, како приватно, така и јавно.

„Преку примерот на Ербас веќе видовме што може да постигне Европа. Преку зајакнување на инивијативите за соработка, ќе ја донесеме нашата индустрија на патот кон повторно заживување“, порачува Де Мео во писмото.

Во текстот тој потсетува на значењето што го има автомобилскит сектор, како за стопанството, така и за европската култура на живеење.

Де Мео препорачува „хибриден модел“

Автомобилскиот шеф формулира седум препораки и осум мерки за развивање на европска индустриска политика, што ќе биде конкурентна и декарбонизирана. Европа мора да изнајде „хибриден модел“, на пример преку вовлекување на 200-те најголеми градови во Европа во стратегијта за декарбонизација, преку создавање на „индустриска лига на шампиони“.

На тој начин ќе може да се наградуваат актерите што се залагаат за преоѓањето кон електрични автомобили. Замислата вклучува и осмислување на „зелени економски зони“, во коишто ќе се концентрираат инвестициите и субвенциите за енергетската пресвртница.

Шефот конкретно предлага големи европски проекти во стратешките подрачја, вклучувајќи ги следните четири клучни подрачја:

  • Поттик за европските малечки автомобили
  • Револуција на доставата „до врата“
  • Развој на мрежи за полнење и технологија за возилата да се вклучат во електро дистрибутивната мрежа
  • Јакнење на конкурентноста на Европа во микроиповите

Предупредување за Кина

Во посебен дел од своето „Писмо до Европа“, Де Мео наведува изобилство од бројки што од негово гледиште ги прикажуваат состојбата и предиозвиците за европската автомобилска индустрија. Тој меѓу другото предупредува и за Кинезите што сакаат да постигнат превласт.

Тие ги развиваат автомобилите побрзо од Европејците и добиваат помош од државата преку субвенции. Наспроти тоа, Европа заостанува како локација за производство и постојано ја зголемува бирократијата.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Електричниот Фиат 500 може да добие и бензинска изведба

Седумседот на Пежо во новата генерација ќе привлекува со електричен погон