за

Седумседот на Пежо во новата генерација ќе привлекува со електричен погон

Пежо ќе нуди приклучен хибрид и три варијанти на целосно електричен погон во својот СУВ со седум седишта, кога новиот 5008 ќе почне со продажба наесен.

Новиот Пежо 5-008 е прв модел на Стелантис врз продолжена изведба на платформата Стела Медиум. Електричната изведба ќе има досег до 660 километри.

Третата генерација на Пежо 5008 ќе располага со целосно електричен погон и ќе постигнува досег до 660 километри. Француската марка на Стелантис го освежи својот СУВ-знаменосец од средната класа, за да се натпреварува во сегментот што заживеа повторно откако се нудат модели со електричен погон.

Тековниот 5008 е во продажба од 2016 година и не е електрифициран, со исклучок на верзијата со благ хибриден погон што беше додадена дури лани. Новата генерација е конструирана врз платформата Стела Медиум. Станува збор за платформа при чијшто развој беше ставено предимство на електричниот погон. Пежо 5008 ќе се нуди и во изведби со бензински мотор. Купувачите ќе имаат три можности за избор: Благ хибрид со 48-волтен стартер-генератор, приклучен хибрид и целосно електричен погон.

Стела Медиум дебитираше на неодамна лансираниот Пежо 3008 од третата генерација. Сродноста меѓу двата модели важи до средните столбови, оттаму сé е различно. СУВ-моделот од средна класа е биде прв модел што користи продолжена изведба на новата платформа. Пежо 5008 е долг 4,79 метри, меѓускиното растојание мери 2,89 метри. Тековниот моделе долг 4,64 метри.

Директорите на Пежо кажаа дека зголемената должина во новата генерација е постигната зад третиот ред седишта. Во разговори со корисниците на постоечкиот модел, на Пежо му беше укажано дека тие би сакале повеќе простор за багаж. Кога третиот ред седишта е исправен, назад останува 289 литри забагаж, што е доволно за две рачни торби и голф торба, што е речиси двојно повеќе во споредба со тековниот модел.

Пристапот до третиот ред е олеснет со тоа што Пежо го нарекува Изи Аксес. Со едно повлекување рачка, вториот ред седишта се поместува нанапред и се преклопува. Кога седиштата во вториот ред ќе се спуштат повторно, тие не ги допираат колената на патниците во третиот ред.

Седиштата во вториот ред лизгаат надолжно и се местат по агол, а има и посебни контроли за климата. Двајцата патници во третиот ред можат да користат држачи за пијалок, светло за читање и средишен потпирач за лакт, како и приклучок со 12 волти.

Во новиот 5008 се вградува најновата генерација на Пежо и-Кокпит, што се одликува со мал волан, што е поставен пониско. Екран од 21 инч (53 сантиметри) е заоблен кон возачот. Десната половина е наменета за инфо-забавните функции и се ракува преку допир.

Пежо кажува дека 5008 (односно е-5008 во електричната изведба) ќе биде семејна алтернатива на новиот 3008, којшто е СУВ од компакт класата и има повеќе закосен опаш. Двата модели во првата генерација беа минивани, за потоа да станат СУВ во тековната генерација.

Во продажбата води 3008 со удел од две третини пред 5008, меѓутоа директорите веруваат дека тоа може да се смени, бидејќи 5008 ќе привлекува поширок круг купувачи со изведбата со приклучен хибрид и со електричната изведба. Компаниите со големи возни паркови, посебно барале голем целосно електричен СУВ од Пежо, кажа Џером Мишерон, главен стратег за моделите на Пежо.

„Гледаме многу поголем потенцијал за новиот 5008, бидејќи тој покрива повеќе пазари,“ кажа Мишерон на претставувањето пред медиумите во почетокот на март.

Пежо 5008 ќе започне со испорака наесен, а нарачките ќе почнат веќе во мај. Цените уште не се објавени меѓутоа за споредба, е-3008 во Франција почнува од 44.990 евра, додека изведбата со благ хибрид чини 38.490 евра.

Багажникот има иста големина во сите погонски варијанти, со исклучок на изведбата со погон на сите тркала, кај којашто електромоторот на задната оска одзема извесен простор.

Новиот 5008 доаѓа стандардно со седум седишта. Секое од петте задни седишта може да се собори засебно. Зафатнината на багажникот зад третиот ред е двојно поголема во споредба со тековниот модел.

Пежо е-5008 ќе поседува батерии од АЦЦ, заедничка компанија на Стелантис, Мерцедес-Бенц и Тотал/Сафт во Дуврен, северна Франција. Исто како е-3008, седумседот во почетокот ќе користи батерии од БИД, пред да премине на батериите од АЦЦ.

Во големиот француски СУВ ќе се вградуваат две големини на батерија, од 73 и од 98 кВч. На тоа следат три степени на моќност: 210 КС, 230 КС со долг досег и 320 КС со два електромотори и погон на сите тркала. Моделот со долг досег ќе постигнува 660 километри, додека останатите две ќе имаат досег од 500 км.

Фабричко видео од надворешноста на новиот Пежо 5008

Сегментот на СУВ од средна класа доби нов живот со електричниот погон. Во минатото, повеќето модели возеа со дизел, меѓутоа строгите ограничувања за емисија, и високиот отпор на воздух на СУВ-моделите, доведе до тоа голем број модели да го пречекорат лимитот за емисија на СО2. Неколку производители нудат приклучен хибрид.

Во 2023 година, сегментот ја зголеми продажбата за 25 проценти, наспроти растот од 14 проценти на целиот европски пазар. Пет од 10-те најпродавани модели во сегментот беа ЕВ, предводени од Фолксваген ИД.4, со продадени 85.268 возила. Пежо 5008 беше петти, со 44.391 продажби. Меѓу останатите ЕВ во Топ 10 се Шкода Ениак, Киа ЕВ6 и Фолксваген ИД.5.

Новиот 5008 е за околу 15 сантиметри подолг од тековниот модел. До средишниот столб, тој е идентичжен со СУВ, којшто има профил на фастбек.

Пежо напоменува дека е-5008 е единствениот електричен СУВ во сегментот. Седумседи со бензински мотори се новиот Рено Еспас и Шкода Кодиак.

Директорите на Пежо наведоа низа можни конкуренти за е-5008, вклучувајќи ги Мерцедес Е-Кју-Бе, Киа ЕВ6, ФВ ИД.4 и ИД.4, како и Тесла Модел Ипсилон. Од сите модели, единствено Е-Кју-Бе нуди седум седишта, меѓутоа се работи за премиум модел.

Фабричко видео од внатрешноста на новиот Пежо 5008

Французите испитале дека пазарот за СУВ со седум седишта во последните години се движел меѓу 230 и 290 илјади примероци годишно, на 10-те најголеми пазари во Европа.

Заедно со 3008, новиот 5008 ќе ги користи придобивките од продолжената гаранција на Пежо, којашто сега важи осум години или 160.000 километри. Тоа претходно важеше само за батеријата. Меѓу новите технологии спаѓа Чет ГПТ, за нов начин на комуницирање и комнадување со функцвиите на возилото, преку вештачка интелигенција.

Пежо ќе го произведува 5008 во својата фабрика во Сошо, источна Франција.

Видеото од тестот на Пежо 408

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Шефот на Рено повикува за „Eрбас на автомобилската индустрија“

Дачиа Дастер најпродаван модел во јануари, Киа Спортаж веднаш по неа