Рено преговара со кинески Чери, откако се здружи со Џили во Бразил

Рено води преговори со повеќе производители на автомобили, меѓу кои и кинески Чери, истражувајќи можност за заедничко производство продажба, кажа Фабрис Камболив, директор за развој во групацијата Рено.

Производство на Рено Квид во Куритиба, Бразил. Преку заедничкото производство на модели на Рено и Џили ќе се зголеми конкурентноста на фабриката.

Со овој чекор се покажува намерата на Рено да стапува во партнерства со други производители на автомобили, посебно со кинеските, за на тој начин да ја подобри ефикасноста на фабриките и да ги направи своите модели поконкурентни на светските пазари.

Рено на 3-ти ноември соопшти дека го потврдиле договорот да му продадат на Џили удел од 26,4 проценти во бразилскиот огранок на групацијата.

„Овој вид на партнерства несомнено е победоносен, затоа што добиваме поширок пристап до различни платформи, индустриски алатки, инженеринг и дистрибутивна мрежа,“ кажа Камболив на конференцијата за медиуми. „Не се исклучени други спогодби со други производители на други пазари,“ кажа тој.

Камболив напомена дека Чери е еден од производителите со коишто Рено е во контакт, за истражување можност за слични парнерства, иако засега не е постигнат конечен договор.

Партнерството меѓу Рено и Џили на најголемиот пазар во Латинска Америка се случува во време додека кинески Би Уај Ди гради фабрика и се пробива на пазарот со достапни модели со електричен и хибриден погон.

Автомобилите на Џили ќе се продаваат во салоните на Рено

Како дел од спогодбата во Бразил, Џили ќе добие пристап до фабриката на Рено во Сао Хосе дос Пинајс, во сојузната држава Парана, за производство на автомобили под марката Џили и нивна дистрибуција преку дилерската мрежа на Рено. Французите за возврат ќе ги користат платформите на Џили за да ја прошират својата понуда од модели на бразилскиот пазар.

Камболив соопшти дека партнерството е со цел да се зголеми искористеноста на фабриката. Таа во моментов работи со 50 проценти од капацитетот за 400.000 возила годишно.

Рено располага со фабрики во низа држави, меѓи кои Франција, Шпанија и Индија. Од 2024 година, Рено во фабриката во Јужна Кореја го произведува Гранд Колеос, којшто користи платформа од Џили.

Во плановите на Рено и Чери се спомнуваат уште Колумбија и Аргентина, каде што Чери треба да добие пристап до постоечката производствена мрежа на Рено, додека францускиот производител за возврат ќе добие капитал и помош во развојот на нови модели, објави Блумберг на 2-ри октомври, цитирајќи извори што се запознаени со состојбите.

Претходна објаваОтворен сервисот за Дукати: Тука мотоциклот се носи од љубов, не од мака
Следна објаваШкода е трета најпродавана марка во Европа, близу 620.000 возила до октомври

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here