за

Renault ќе ги враќа во живот R4 и R5 како електромобили

Новиот шеф на Renault планира повторно да ги заживее имињата на бестселерите од најдобрите времиња на францускиот производител.

Renault R 4 e-plein air
Renault R 4 e-plein air

Лука де Мео, новиот шеф на Renault, во планот за реструктурирање на автомобилскиот производител предвидува да се вратат моделските ознаки што ги носеа најпродаваните модели на Renault во времето меѓу 1960-те и 1990-те години.

Пристигаат нови информации во очекување на 14-ти јануари, кога Лука де Мео ќе ја објави новата стратегија врз којашто ќе се заснова понудата од модели на Renault. Како дел од стратегијата се предвидува и враќање на некои големи моделски имиња од минатото на францускиот производител, информираат неколку извори што се упатени во работата на компанијата.

Нова стратегија е неопходна со цел францускиот гигант да се врати во зоната на профитабилност. Лука де Мео веќе ги најави мерките со коишто ќе се заштедат 2 милијарди евра, а кои во дел предвидуваат и затворање на работни места. Исто како повеќето производители, групацијата Renault е силно погодена од последиците од пандемијата и се наоѓа под притисок да воведе уште повеќе модели со чиста емисија во својата гама.

Според два извори што се упатени во плановите на францускиот проиводител, Де Мео, во своите намери да ја врати марката на француските корени, предвидува електрична верзија на ретро-модел во стилот на легендарниот Renault 4 од 1960-те години.

Истите извори го спомнуваат враќањето на уште еден малечок автомобил што исто така е важен дел од традицијата и имиџот на Renault. Секако, станува збор за R5 и за неговиот наследник Super Cinq, кои постигнуваа исклучително високи продажби во 1970-те и 1980-те години. Овие модели веројатно ќе ја користат новата платформа за електрични возила, означена CMF-EV и наменета за сите марки од алијансата меѓу Renault, Nissan и Mitsubishi. Постои и можност за идните R4 и R5 да се користи платформата од постоечкиот Renault Zoe.

Renault Megane eVision

Сосем е извесно дека платформата CMF-EV ќе се користи за серискиот кросовер што ќе произлезе од студијата Megane eVision. Под спортската марка Alpine, којашто е дел од француската групација, планирани се три модели кои исто така ќе користат електричен погон.

Меѓу најголемите предизвици во новата стратегија на Renault ќе биде поставување јасни граници меѓу одделните марки, вклучувајќи ги и марките Dacia и Lada

Renault значително ќе ја скуси понудата од модели и ќе се посвети единствено на моделските серии што носат поголема профитабилност. Исто се предвидува напуштање на дел од пазарите ширум светот, како отстапување од претходникот Карлос Гон, кој својата стратегија ја потпираше на проширување на марката на колку е можно повеќе пазари ширум светот и постигнување колку е можно повисока продажба.

https://www.instagram.com/p/CChwx6bn7N6/

>>> Македонско Renault 4 пишува историја на пат до Азурниот Брег

Renault 4 Стојаково до Ница

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Great Wall Motors: Колку навистина напредуваат кинеските марки?

LED-светлата станаа стандард, врвот се ласерски и матрични светла

LED-светлата станаа стандард, врвот се ласерски и матрични светла