за

Renault пушта такси-возила без возач

Renault Zoe, Руен, автономни возила

Ова е иднината на градскиот превоз. Електрични возила на Renault доаѓаат на повик во францускиот град Руен – без човек зад воланот, користејќи автопилот. Пет возила ќе им стојат на располагање на граѓаните во пробниот период, како алтернатива на обичниот јавен превоз.

Во францускиот град Руен стартува проект што е единствен во Европа и го најавува новиот вид на превоз, којшто за само неколку години ќе стане дел од секојдневието во јавниот градски превоз. Renault ги испорачува петте електрични возила со технологија за автономно возење, како партнер во заедничкиот проект меѓу неколку регионални организации во Нормандија.

Вкупно 11 милиони евра чини реализацијата на пробната фаза, во којашто жителите на Руен ќе можат преку мобилна апликација да ги повикуваат „роботските“ автомобили. Не е случајност тоа што Руен е избран за проектот, кој важи како европска престолнина на автономниот превоз.

Европскиот електро-шампион Renault Zoe во уште една предводничка улога

Во почетокот, возниот парк ќе се состои од четири возила Renault Zoe, опремени со технологија за автономно возење од самиот производител и од Transdev. Подоцна во возниот парк ќе пристигне и минибус кој исто така ќе бид достапен на повик. Возилата ќе се движат по три рути во руенскиот кварт Технопол ду Мадрил, во вкупна должина од 10 километри и со 17 постојки.

Тестирањето на услугата ќе почне со возач зад воланот, но откако техниката ќе се усоврши и ќе се постават законските рамки, возилата ќе бидат без присуство на возач

Пробната фаза со „самовозечките“ автомобили ќе трае до напролет следната година, а потоа возилата ќе им стојат на располагање на граѓаните во следните две години. Со користење на наменската апликација за паметен телефон на седумнаесетте постојки, патниците ќе можат да резервираат возило во секое време.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

bmw картелско здружување

Daimler и VW го наместија BMW во случајот со картелското здружување

Hennessey Venom F5

Hennessey повторно му се остри на Bugatti