Специјалистот за седишта Рекаро оди во стечај

Рекаро се обиде да го прошири бизнисот со изработка на седишта за гејмери

Производителот на седишта со богата традиција Рекаро, со седиште во германското гратче Кирхајм, пријави стечај. Судот во Еслинген во понеделникот назначи принуден управник. Тој ќе ја провери економската ситуација во Рекаро Аутомотив ГмбХ и ќе го надгледува раководењето со фирмата.

Во работничкиот синдикат ИГ Метал се изненадени од стечајот. „Нејасно е што ќе значи тоа за 215-те вработени во Рекаро Аутомотив ГмбХ“, соопштија оттаму.

Работничкиот совет е разочаран

Вработените со години ја прифаќаа нередовната исплата на платиоте и се откажуваа од секакви придобивки, со цел на тој начин да помогнат компанијата да ја задржи финансиската стабилност. „Разочарани сме и се чувствуваме како да сме оставени на цедило од менаџментот“, кажува шефот на работничкиот совет Франк Боковиц. „Нашите колешки и колеги дадоа голема жртва, за да ѝ помогнат на компанијата.“

Моќниот синдикат на работници во автомобилската и металопреработувачка индустрија ИГ Метал бара да се обезбедат работните места и да се најде трајно решение. Компанијата е прочуена по своите скапи, но квалитетни спортски седишта.

Претходна објаваШвајцарски увозник на Фиат за купен електричен автомобил дава бензинец еден месец бесплатно
Следна објаваМерцедес-Бенц повторно ќе ја зголемува продажбата со моделите од А-Класата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here