Швајцарски увозник на Фиат за купен електричен автомобил дава бензинец еден месец бесплатно

Маркетингот е креативна работа, тој одамна го движи светот. Астара Ауто, увозник за италијанските марки – и Џип – на концернот Стелантис за Швајцарија, дава на еден месец бесплатно користење автомобил со бензински мотор, за секој купувач на електричен автомобил. Многу нешта се вклучени во оваа навистина единствена понуда.

Фиат, Абарт, Алфа Ромео и Џип, сите имаат електрични автомобили во својата понуда од модели. Од 500е, 600е, е-Добло, е-Дукато, e-Скудо и Тополино, до Јуниор и Авенџер, тоа е веќе богат избор. Покрај сите можности за финансирање што денес ги нуди браншата, постои и нешто што се води како претплата за автомобил.

Најновиот вид на финансирање на автомобилската сцена нуди користење возило под договор, со платено редовно сервисирање, регистација, технички преглед, гуми, осигурување. Единствено што на корисничката или корисникот им останува да платат сами, е горивото. Увозникот на италијанските марки на концернот Стелантис за Швајцарија – за Џип, исто така – како новина во својата понуда го има моделот на месечна претплата на автомобил.

Електричните автомобили сепак имаат еден „летен“ проблем, исто како што имаат и „зимски“ проблем, патем. Човештвото отсекогаш сакало да купи автомобил лете и со него да замине на летен одмор. Со електричните автомобили, тоа патување не е секогаш најрелаксирано, затоа што треба постојано да се мисли на досегот и на полнач.

Тука стапува на сцена маркетингот. Тие ги соединија електричните автомобили, патувањето на летен одмор и новата можност за месечна претплата на автомобил, понудувајќи им на купувачите на електричен автомобил можност еден месец да користат возило со бензински мотор. Идејата е секако во тоа со возилото со бензински мотор да се отпатува на одморот.

Понудата е достапна до 30-ти септември, со сите вклучени трошоци, освен горивото.

„Подарокот“ за купувачите на електричен автомобил не е да се превиди: Еден месец претплата на Алфа Ромео Тонале, на пример, со хибриден погон и опременост Велоче Премиум, чини 1.229 швајцарски франци, при договор за еден месец. За една година договор, цената е по 839 франци за секој месец.

Електрични автомобили во македонските салони

Претходна објаваМерцедес-Бенц 120 години произведува мотори на истото место во Унтертиркхајм
Следна објаваСпецијалистот за седишта Рекаро оди во стечај

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here