Мајската продажба во ЕУ без раст, народот чека поевтини електрични автомобили

Удел на видовите погоснки горива во продажбата во Европа во мај 2024

Производителите на автомобили во мај продадоа за 2,6 проценти помалку возила на европскиот пазар, отколку лани, поради тоа што купувачите се опираат на цените на електричните автомобили, односно на отсуството на поголем број модели со достапна цена.

Бројот на нови регистрирани автомобили во земјите во ЕУ, ОК и ЕФТА во минатиот месец се намали на 1,09 милион, соопштија од АЦЕА, здружението на европски производители.

Продажбата на батериски електрични автомобили опадна за 11 проценти, на 181.968 возила. Тоа главно се должи на падот во продажбата на неколку големи пазари. Се намали и уделот на БЕВ во вкупната продажба на патнички автомобили.

Високите камати и ослабнатиот економски раст влијаеја врз купувачкиот дух.

Производителите се борат со забавената продажба на ЕВ, чијшто високи цени ги одбиваат купувачите, а секако дека и недоволно развиената мрежа од полначи не ги охрабрува на таков чекор. Одлкуката на Европската Унија во текот на месецов да воведе дополнителни царини за кинеските електрични автомобили, само доведе до нов проблем, затоа што на купувачите сега нема да им бидат достапни и тие автомобили од фабриките во Кина, што пак имаа ценовна предност во споредба со европските марки.

Очекувањата од пазарот на електричните автомобили „беа премногу оптимистички“, напиша Харалд Хенрдиксе, аналитичар во Сити. „Инвестициите мора да се скусуваат.“

Високите цени станаа главна пречка за растот на ЕВ во Европа, откако неколку големи пазари, како Германија и Шведска, ги укинаа или ги намалија субвенциите. Големоволуменските производители Фолксваген, Стелантис и Рено имаат најавено поевтини модели, што ќе чинат околу 25.000 евра, но тие автомобили ќе се појават дури в година.

Уделот на БЕВ во продажбата на автомобили во Европа во мај се смали за еден процентен бод во споредба со истиот месец лани. Батериските електрични автомобили во мај учествуваа со 14 проценти во вкупната продажба. Тоа доаѓа во најголем дел од падот во продажбата во Германија (-31%) и во Италија, каде што беа регистрирани за 18 проценти помалку БЕВ. Продажбата на приклучни хибриди исто така опадна за 9,6 проценти.

Германија, најголем пазар за ЕВ во Европа, во декември ненадејно ги укина субвенциите за купување електрични автомобили, поради огромен кусок во буџетот. Од јануари до мај годинава, продажбата на ЕВ во Германија е намалена за вкупно 16 проценти.

Некои производители почнаа да ги смалуваат плановите за продажбата на ЕВ. Концерните Стелантис и Мерцедес-Бенц ја ставија во мирување изградбата на две фабрики за батерии за ЕВ во Германија и Италија. Фолксваген во минатиот месец соопшти дека повеќе ќе се префрли на приклучни хибриди, Мерцедес-Бенц ќе продава модели со мотор со внатрешно согорување подолго отколку што беше најавено претходно.

Инфлацијата и високите камати остануваат главни пречки за купувачите да се одлучат за големи трошоци. Европската централна банка во почетокот на месецов ги скуси каматите, но не посочи дали понатаму ќе следат нови скусувања.

Фолксваген и Тојота се меѓу неколкуте големоволуменски производители што успеаја да ја зголемат продажбата во мај, со раст од 1,8 односно 8,2 проценти, соодветно.

Мајската продажба на Тесла опадна за 36 проценти и тоа е уште еден голем удар за производителот од САД, што постојано бележи слаби резултати во второто тромесечје. Во првите пет месеци, продажбата на Тесла се намали за 14 проценти во споредба со лани.

Побарувачката за ЕВ во Европа забави во последните месеци, откако со години бележеше силен раст. Порасна и конкуренцијата што притиска да се пуштат во продажба модели со подостапни цени.

За да ги заштити домашните производители од бранот увезени ЕВ, Европската Комисија во минатата седмица објави дека од јули ќе воведе привремени царини во висина до 38,1 проценти за ЕВ што се произведени во Кина.

Тесла во минатата седмица соопшти дека очекува поскапување на Модел 3, што се произведува во Кина, откако ќе стапат на сила новите мерки на ЕУ.

Електрични автомобили во македонските салони

Претходна објаваНовиот Ситроен Ц-Три Еркрос има 7 седишта и опција за електричен погон
Следна објаваМерцедес Ситан Турер Ланг: Мајстор за претворање

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here