Мерцедес Ситан Турер Ланг: Мајстор за претворање

Покрај сите Г-вагени, Мајбаси и бензинско-електрични ГЛЕ-класи што господски си заминуваат од салонот на Мерцедес-Бенц покрај Вардар, во последниве месеци како ѕвезда се вмешува еден автомобил што повеќе внимание привлекува со непредвидливоста, во каква следна варијанта ќе се појави оттаму. Тоа е Ситан, Мерцедес.

Пет метри Мерцедес и седум седишта, тоа е голема најава. Човек од тоа ќе поверува дека сигурно станува збор за некоја продолжена изведба на „класите“ на Мерцедес. Точно дека е продолжена, може да биде и класа, но главно е модел од Мерцедес-Бенц Ванс, односно малку е поразличен од С-Класа и компанија.

Ова е Ситан, наречен така по Сити, град, затоа што главнината од возилата што ќе се произведат под тоа име, ќе го минат својот работен век во достава на онлајн-нарачки во градовите и блиску до град. Мерцедес-Бенц може да си го дозволи тој луксуз, како единствена премиум марка да продава и доставни возила под светоста на сребрената ѕвезда. Ситан, градскиот ван, покрај познатите Вито/В-Класа и Спринтер.

Ситан е мајстор на претворање, затоа што во изминативе месеци во Мак Аутостар се појави во сите очекувани и неочекувани изведби. Премиера имаа и Турерот, патничката изведба на Ситан, и Т-Класа, луксузната изведба што е изработена со истото внимание како вистинските „класи“ на Штутгарт, за пред кусо време да почне и продажбата на продолжената изведба на доставниот Ситан Фургон, со екстра 42 сантиметри должина.

Оваа посебно нарачана изведба на Ситан ја користи како основа продолжената верзија, изработена е како Ситан Турер, значи како патнички автомобил, и во себе крие уште бројни изненадувања. Моторот е 1,33-литарски турбо бензинец со 131 КС, комбиниран со 7-степен менувач со двојна спојка. Погонот отстапува од секаква шема на „дизел и рачен менувач“, но со тоа не завршуваат изненадувањата.

Купувачот го нарачал возилото со бројни ставки дополнителна опрема, што самата е вредна колку добро сочувана В212. Задна камера, пристап и стартување без клуч, мултимедиски систем МБУКС, греење на седишта, автоматска двозонска клима, кој уште би очекувал дека Ситан може да се конфигурира толку благородно.

Англичаните имаат поим, но и не само поим, туку и вештина на живеење во средината, којашто се нарекува андерстејтмент. Во основата, „работата“ е да се покажеш скромен и приземен, иако можеш да си дозволиш многу повеќе од масата. Кај автомобилите, овој Ситан е токму андерстејтмент. Некогаш е подобро да не се привлекува толку вниманието на средината.

На познавачите секако нема им „побегне“ да забележат дека ова не е секојдневен Ситан. Меѓу другото по бојата на каросеријата, што е далеку од уни-стандард, па и по тркалата од лесен метал од 16 инчи, ЛЕД магленките, и сите нешта што светкаат и се дел од пакетот Цитан Про. Сето тоа вреди некаде во средината меѓу 30 и 40 илјади евра. Овој луксуз во лимузина, би чинел далеку над педесетка. Навистина про.

Стандардната опременост на Мерцедес-Бенц Ситан Турер 113 Ланг

Електрична паркинг кочница
BA3 Active Brake Assist
BB0 Систем за кочење со ABS и ASR
BB3 Electronic Stability Program (ESP) – систем за електронска стабилност
C6L Мултифункционален управувач со команди
CL1 Управувач подесив по висина и длабочина
E07 Hill-Start assist – систем за помош при тргнување на нагорнина
EY5 Mercedes-Benz emergency call system
F68 Надворешни ретровизори со електрично подесување и греење
FE7 Електрични прозори во лизгачките врати
—– Централно заклучување со далечинско
H20 Термоизолирачки стакла
H22 Задно стакло со греачи
I44 16 инчни бандажи
IM2 Меѓуоскино растојание 3100 мм
J10 Брзинометар во km/h
JA5 Сензор за светло и дожд
JB4 Active Lane Keeping Assist
JK5 Зголемен дисплеј во инструмент табла со дисплеј во боја
JP7 Blind Spot Assist
JW8 ATTENTION ASSIST (систем за детектирање на замор кај возачот)
KA1 Филтер за честички
Резервоар 54 l
L12 Халогени предни и задни светла
MA2 Speed Limit Assist (систем за читање на сообраќајни знаци)ж
MJ8 ECO start/stop функција
(Функцијата ECO start / stop функцијата привремено го исклучува моторот кога возилото е во мирување, што помага да се намали потрошувачката, особено во градски сообраќај.)
MТ8 Издувни гасови Euro 6е М/N1 GR. II
MS1 Cruise control (темпомат и лимитер за брзина)
MN9 Бензински мотор М 200.73 13 LA 96 kW (131hp)
P2F Active Safety package
RM7 Летни гуми
RY2 Систем за пратење на пристисок во гумите
SA4 Airbag, за возач и совозач
SD1 i-Size систем за детско седиште
SK5 Автоматско деактивирање на совозачко воздушно перниче
SI1 Централен airbag,Thorax-sidebags и windowbags напред+назад
SL1 Единечно совозачко седиште
SL3 Возачко седиште подесиво по висина
—– Лизгачка врата десно
T17 Лизгачка врата со прозорец десно
T20 Лизгачка врата со прозорец лево
W78 Прозор на петта врата
U92 Единечни седишта вториот ред
V57 Полица во багажниот дел
VH4 Tапацир на седиштата “Norwich black”
X42 Упатство за употреба на англиски јазик

Дополнителна опрема вклучена во цената на возилото:

C1J Менувач обложен во кожа
CL3 Управувач обложен во кожа
CM0 Офарбани браници во боја на каросерија
ES2 Приклучок 12V во багажник
Е2X MBUX мултимедиа систем (USB C, Bluetooth)
E4S Smartphone Integration package
EM7 2 USB приклучоци во централната конзола за задниот ред седишта
ES1 Приклучок 12V за втор ред седишта
ES2 12 V приклучок во товарен простор
FE3 Електрика на предни прозори (one-touch operation)
FG1 Потпирач за раце со остава
FR8 Камера за возење наназад
FX7 KEYLESS-GO функција (стартување на возилото на копче)
FQ3 Фиока кај совозачот со затварање
G7A 7-брзински автоматски менувач
H10 Греење на седишта за возач и совозач
H1E Дувалки за клима за патниците позади
HH4 THERMOTRONIC автоматски клима уред
L23 LED светла за магла
LL1 LED осветлување во кабината
R2F 40.6 cm (16-инчни) челични бандажи со 5 краци
R87 Резервно тркало
X3W Тежинска варијанта 2368 k
U98 Две единечни седишта во трет ред
V55 Тепих на подот
Y10 Прва помош
Y44 Триаголник за опасност
Z4L Tourer PRO

 

Претходна објаваМајската продажба во ЕУ без раст, народот чека поевтини електрични автомобили
Следна објаваСловачка ќе добие фабрика за батерии за електрични автомобили од кинески Готион

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here