За повторното раздвижување на европскиот автомобилски пазар годинава се најмногу заслужни СУВ-моделите.
Аналитичарите ја делат понудата од модели на автомобилскиот пазар на 21 сегменти. Од сите овие сегменти, најголем раст во периодот од јануари до октомври е забележан кај СУВ-моделите од средната класа, од премиум марките, потоа следат СУВ-моделите од истата класа, од марките за широкиот пазар (волуменски марки), за водечката тројка да ја заокружат компактните СУВ-модели од премиум марките. Растот во сите овие три сегенти до октомври изнесува содветно 42, 35 и 32 проценти.
Водечкиот модел во премиум сегментот на СУВ-возила од средна класа е Тесла Модел Ипсилон, чијашто продажба во првите десет месеци од годинава е зголемена за преку 107.000 возила во споредба со лани. Тоа претставува раст од 142 проценти во продажбата на американскиот електричен СУВ.
Ауди Ку4 Е-трон исто така напредуваше солидно, со раст од 89 проценти продадени 34.187 примероци до октомври. Во споредба со истиот период лани, продажбата на електричниот Ку4 брои 16.110 возила повеќе.
Уште еден голем добитник во сегментот е Лексус ЕнИкс, којшто се проби во водечката десетка, со растот во продажбата од 82 проценти и продадени 16.746 примероци повеќе отколку во истиот период лани.
Во категоријата на средни/големи СУВ-модели, впечатлив е напредокот на Нисан Икс-Трејл, со раст од 2.000 проценти и продадени 20.929 примероци повеќе отколку лани од јануари до октомври.
Статистиката се базира врз пристигнатите податоци од 92 проценти од пазарот на ЕУ, ЕФТА и Обединетото Кралство.

Фолксваген ИД.4 е уште една светла точка. Целосно електричниот СУВ од средна класа постигна раст од 64 проценти и се продаде во вкупно 56.820 примероци. Тоа се 22.169 примероци повеќе отколку во периодот од јануари до октомври лани.
Два новитети донесоа голем раст во сегментот на компактни СУВ од премиум марките. БМВ и-Икс-1 ја зголеми продажбата на 29.537 примероци и сега е осми најпродаван модел во класата.
Вториот премиум новитет е Алфа Ромео Тонале, којашто се проби во Топ 10, зголемувајќи ја продажбата за повеќе од 30 проценти, на вкупно продадени 26.650 примероци до октомври. Тоа се 6.386 возила повеќе од лани.
Водечкиот во овој сегмент, Волво Икс-Це40, иако се вбројува меѓу постарите модели во конкуренција, напредуваше за 35 проценти и до октомври постигна 81.522 продажби.
Пазарот продолжува да покажува интерес за електричните возила
Големиот скок во продажбата на Модел Ипсилон, ИД.4 и МГ 4 донесе општ раст во продажбата на батериски електрични возила за 45 проценти. До октомври, се продадоа вкупно 1.437.881 автомобили со погон чисто на струја.
Најголемиот сегмент им припаѓа на малите СУВ и кросовери
Марка |
Модел |
Продажба
|
Движење |
Фолксваген | Т-Рок | 153,777 | 19.8% |
Тојота | Јарис Крос | 136,025 | 34.4% |
Форд | Пума | 128,361 | 15.7% |
Пежо | 2008 | 125,647 | 13.5% |
Дачиа | Дастер | 119,814 | 6.9% |
Рено | Каптур | 112,307 | 8.5% |
Опел | Мока | 83,773 | 10.8% |
Фолксваген | Т-Крос | 81,185 | -2.3% |
Хјундаи | Кона | 73,758 | -2.7% |
Шкода | Камик | 68,985 | 25.1% |
Вкупно | 1,682,644 | 15.7% |
Тоа се 444.118 електрични возила повеќе отколку во првите 10 месеци лани.
Продажбата на Модел Ипсилон и Тесла Модел 3 заедно постигнува удел од 17 проценти од вкупната продажба на батериски електрични автомобили по 10 месеци.