На европските производители им претстои година на заздравување на бизнисот

Автомобилскиот бизнис претрпе силни удари, главно поради неизвесноста од царините во САД и ослабнатиот пазар на луксузни возила во Кина, како и од забавената продажба на електрични автомобили. Браншата сепак е силна.

Од архивите на Фолксваген: На 8-ми декември 1964 година, почна производство на Кефер (Буба) за извоз. На сликата е моделот ФВ Тип 3 (1600).

Европските производители на автомобили се приближуваат до периодот на повторно јакнење, откако годинава испратија низа предупредувања до инвеститорите, драстично ги скусија трошоците и направија промени во стратегиите. Аналитичарите предвидуваат дека в година ќе продолжи да расте добивката.

Податоците со коишто располага Блумберг Интелиџенс укажуваат дека во 2026 и 2027 година престои нагло зголемување на добивката по акција, според берзанскиот индекс Стокс Европа 600 за автомобилската бранша.

Годинава „веројатно ќе биде дното“ за добивката на производителите на автомобили, цени стратегот Лорен Дуjе од Блумберг Интелиџенс, затоа што новите субвенции за електрични возила, скусените трошоци и сменетите стратегии донесуваат нова надеж.

Прагот на добивката на производителите на автомобили во 2025 година беше загрозен на сите фронтови и се најде под влијание и на внатрешни и надворешни фактори, вклучувајќи ги царините во САД, смалената побарувачка во Кина, агресивната конкуренција од кинеските производители и забавувањето на продажбата на електрични автомобили.

Порше четирипати годинава ги скусуваше прогнозите и реши да ги забави своите амбиции за преоѓање на електричен погон, Стелантис неповратно изгуби милијарди поради промените во понудата од модели и преселувањето на производството во САД, додека Рено објави загуба од 9,5 милијарди евра, по подмирувањето на својот удел во акциите на Нисан.

Дополнителен предизвик е кусокот од важни компоненти од производителот на чипови Нексперија, којшто се најде во политички теснец меѓу Холандија и Кина. Во минатата седмица, Фолксваген предупреди дека може да ги пропушпти поставените финансиски цели, доколку продолжи блокадата на веригата на добавувачи на микрочипови, напоменувајќи дека во своите германски фабрики располага со чипови за само уште една седмица.

„Целото производство на автомобили може да се движи само со темпото на компонентите што пристигаат најбавно,“ кажува аналитичарот на Ситигруп, Рос Мекдоналд. Тој предвидува дека проблемот со Нексперија може да предизвика дополнително забавување на производството на автомобили во четвртиот квартал.

Под влијание на сите притисоци, автомобилската бранша годинава падна под просекот на европската економија.

Кина и САД ќе бидат тешки пазари и во 2026 година

Дополнителен повод за оптимизмот е повторниот раст во продажбата на автомобили во Европа, откако септември беше трет месец во низа со зголемена продажба. Добри изгледи за 2026 година доаѓаат и од попуштањето на загриженоста од царините во САД, како и од првите резултати по извршените промени во стратегиите на производителите.

Браншата и натаму ќе се соочува со предизвици, како што слабеат клучните пазари во САД и во Кина, и основата уште е „кршлива“, цени Дује од Блумберг.

И покрај тоа, почнува ново поглавје за производителите на автомобили, откако Германија одобри 3 милијарди евра за субвенции за нови електрични автомобили до 2029 година. Во исто време, напорите за скусување на трошоците и менување на понудата од модели ќе вродат плод во 2026 година.

[the_ad id=”85764″]

Порше, којшто се соочува со забавена продажба во Кина, со тесно грло с снабдувањето и со ослабнат пазар на ЕВ, покажува знаци дека најтешките времиња минаа.

„Во Порше им требаше долго време да се справат загубата од продажбата во Кина и да ја напуштат стратегијата со електрични возила, но веруваме дека најтешкиот дел е поминат“, оценува Харалд Хенриксе, аналитичар на Ситигруп, кој очекува добивката да расте повторно во 2026 година.

Матичната компанија, концернот Фолксваген, отпиша 2,7 милијарди евра поради сменетата стратегија на Порше, но пријави солиден прилив на готовина и добра маржа за третото тромесечје, влевајќи им доверба на инвеститортите дека кризата е надмината. Германскиот производител неделава соопшти дека попуштањето на затегнатоста во трговските односи меѓу САД и Кина е „позитивен знак“ дека ќе продолжат испораките на чиповите од Нексперија.

„Овој притисок дава уверливи докази во вистинската моќ на компанијата,“ кажа Тим Рокоса, аналитичар во Дојче Банк, додавајќи дека новите модели и заштедите ќе придонесат за „толку потребниот“ прилив на готовина.

Групацијата Мерцедес-Бенц не ги смени прогнозите и отпочна програма за откуп на акции во сопствената компанија во висина од 2 милијарди евра, преземајќи мерки за натамошна заштеда, додека Стелантис почна да покажува знаци на напредување на пазарот во Северна Америка, откако конернот го зголеми производството на СУВ за пазарот во САД.

Прометот на Рено порасна 7 проценти во третиот квартал, како резулатот од новите модели, посебно Дачиа Бигстер, и зголемениот приход од бизнисот со финансирање.

Претходна објаваПежо Полигон го навестува изгледот на следната 208-ка
Следна објаваМерцедес-Бенц почна со нарачки за новиот ЦЛА со хибриден погон

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here