за

Sport Turismo е трета каросериска изведба на Porsche Taycan

Taycan Sport Turismo е најновата каросериска изведба на спортскиот електричен автомобил на Porsche.

На спортската лимузина и на Cross Turismo им се придружува Sport Turismo, како трета каросериска изведба во гамата на Porsche Taycan. Новиот модел е наменет за купувачите што бараат спој меѓу практичноста на Taycan Cross Turismo со врвните возни својства на лимузинскиот Taycan.

Новата каросериска изведба на Porsche Taycan доаѓа прво во спортската варијанта GTS на крајот на февруари. Во средината на март ќе следат останатите изведби. Новина во дополнителната опрема за Taycan Sport Turismo е сончевиот покрив со Sunshine Control. Станува збор за електрична заштита од сонце.

Гамата ќе ја сочинуваат пет варијанти, Штутгарт ги објави и цените за германскиот пазар:

  • Taycan Sport Turismo со 240 kW (326 КС) и заден погон, по желба со Performance-Battery Plus и 280 kW (380 КС), од 86.495 евра
  • Taycan 4S Sport Turismo со 320 kW (435 КС) и погон на сите тркала, по желба со Performance-Battery Plus и 360 kW (490 КС), од 107.439 евра
  • Taycan GTS Sport Turismo со 380 kW (517 КС) и погон на сите тркала, од 132.786 евра
  • Taycan Turbo Sport Turismo со 460 kW (625 КС) и погон на сите тркала, од 153.968 евра
    и
  • Taycan Turbo S Sport Turismo со 460 kW (625 КС) и погон на сите тркала, од 187.288 евра
New item by Automedia MK / Google Photos

Во најмоќната изведба Taycan Turbo S Sport Turismo, новиот модел забрзува до темпо сто за 2,8 секунди. Нејзината највисока брзина изнесува 260 km/h. Најголем досег постигнува изведбата Taycan 4S Sport Turismo со радиус до 498 километри. Усовршувањето на погонската спрега доведе до тоа најновиот член во гамата на Taycan да користи посебно ефикасна погонска стратегија во варијантите со погон на сите тркала. Има подобрувања и во термо-менаџментот, како и во полнењето.

При користење турбо-полнач, батеријата се полни од пет до 80% за 22 минути и 30 секунди. Тоа значи дека енергија за 100 километри пат може да се наполни за само пет минути.

Разликата со Cross Turismo е во тоа што отсуствуваат каросериските додатоци во стил на теренец. Покрај тоа, Sport Turismo е достапен и во изведба со погон само на задната оска.

Назад има 45 mm повеќе простор за глава во споредба со лимузината и 9 милиметри плус за возачот. Багажникот се товари полесно, поради поширокиот отвор. Зафатнината на багажникот зависи од опремата. Доколку возилото поседува Sound Package Plus, зафатнината е до 446 литри (лимузина: 407 литри). Во случај возилото да поседува Bose Surround Sound System (стандард од Taycan Turbo Sport Turismo), тогаш зафатнината е 405 литри. Со соборена клупа, багажникот собира 1.212 литри, односно 1.171 литар. На тоа има уште 84 литри во предниот багажник (Frunk).

>>> Возење Porsche како автомобилски спа-третман: Road Tour 2021

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Honda-e ќе испорачува струја во швајцарската мрежа

Renault ќе произведува во Јужна Кореја, техниката од Volvo