за

Порше има нова верзија на Тајкан и уште еден рекорд

Порше во Лајпцих го претстави својот електричен знаменосец. Тајкан Турбо ГТ постави рекорд на круг и со тоа го предизвика вечниот соперник.

Порше во изминатите неколку недели постојано објавуваше по некоја нова слика и по некој нов детал од преработениот Тајкан. Германската спортска марка сега официјално го претстави новиот топ-модел Турбо ГТ во центарот на Порше Експериенс во Лајпцих.

„Тајкан покажува како ние ја дефинираме електромобилноста во Порше“, кажа шефот на Оливер Блуме. Порше го нуди електричниот модел од 2019 година и сега го подложи на темелна преработка.

Секако дека претставувањето на автомобили од ваков ранг не смее да мине без суперлативи. Порше сними видео коешто покажува како фабричкиот тест возач Ларс Керн вози за да постави рекорд на легендарната тркачка патека Лагуна Сека во САД.

Тој ја мина патеката долга 3,6 километри за 1 минута 27 секунди и 87 стотинки. Времето е за половина секунда подобро отколку на Тесла Модел С Плејд. Тајкан претходно постави рекорд и на Нирбургинг. На двете патеки е симнат ривалот Тесла од тронот за најбрз електричен автомобил.

Нови батериски ќелии од ЛГ Кем

За зголемената моќност е заслужна целосната преработка на погонот. Тајкан доби нови ќелии од ЛГ Кем. За системот да работи пооптимално придонесе и новиот инвертер што управува со работата на електромоторите. Со примена на силициум карбид за полуптоводниците се смалуваат загубите.

Тајкан сега спринтува до темпо сто за 2,3 секунди, што е за половина секунда подобро во споредба со досега најсилната изведба, Турбо С. Доколку електричната лимузина поседува пакет Вајсах, тогаш спринтот до темпо 200 ќе траее само 6,4 секунди. Во тој случај, времето е скусено за 1,3 секунда. Во режим за напад, во времетраење од 10 секунди се добиваат дополнителни 140 кВ, што значи дека Тајкан за тоа време ослободува повеќе од 1.100 КС.

Порше Тајкан ГТ и Тајкан ГТ со пакет Вајсах

Новите ќелии за Тајкан се набавуваат од ЛГ Кем. Тоа сепак не се истите батерии што се користат кај електричниот Макан. Спортскиот СУВ користи батерии од кинескиот специјалист ЦАТЛ.

„Во моментов гледаме значителен напредок кај батериските системи“, кажува шефот за развој Михаел Штајнер. Компанијата не се откажува од планот за изградба на сопствена гигафабрика за батериски ќелии од сопствен развој на посестринската фирма Селфорс Груп. „Веруваме дека тука уште може да се постигне голем напредок“, вели Штајнер.

Новиот Тајкан со новите ќелии доспева уште подалеку од досега. Според нормите, максималниот досег може да изнесува 678 километри, што е за 175 километри повеќе. Во комбиниран циклус, за Турбо ГТ може да се смета на максимално 555 километри.

Кога наполнетоста е меѓу 40 и 60 проценти, во батеријата се полни струја со моќност од преку 300 киловати. Максимумот се 320 киловати. Според тоа, Тајкан во најдобар случај може батерија полна 10 проценти, да ја наполни до 80 проценти за само 18 минути. Во моментов не постои друг автомобил што може да постигне толку брзо полнење. Во споредба со претходникот, времето е покусо за половина

Новиот Тајкан уште толку ќе ја забрза продажбата на првиот електричен Порше. Во минатата година се продадоа 40.629 примероци, што е за 17 проценти повеќе од преклани. Производството порано се соочуваше со тесни грла во снабдувањето со компоненти.

Бидејќи целосно новиот електричен Макан уште е во фаза на пазарен старт, Тајкан и годинава ќе биде главен електричен модел во продажбата на Порше.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Несудената марка тетовски електрични автомобили банкротираше вторпат

Форд казнет во САД со 365 милиони долари, продавал турски Транзити со лажна декларација