за

Форд казнет во САД со 365 милиони долари, продавал турски Транзити со лажна декларација

Форд треба да плати 365 милиони долари казна поради обидот да ги изигра увозните царини во САД за Транзити произведени во Турција.

Форд Транзит Конект при премиерата на салонот во Детроит во 2014 година

Со казната се потврдија обвинувањата дека Форд ги прекршил федералните закони за царински давачки преку погрешно декларирање и пријавување пониска вредност на стотици илјади Транзит Конект, увезени од фабриката во Турција.

Форд Мотор ќе плати 365 милиони долари за обвинувањето дека ги прекршил федералните закони за царински давачки, со тоа што ги пријавил возилата под погрешна декларација и пријавил пониска вредност на стотици илјади Транзит Конект.

Министерството за правда кажа дека со спогодбата се решаваат обвинувањата дека Форд користел шема за да избегне повисоки царини и ги увезувал доставните возила од Турција под погрешна декларација. Тоа се случувало во периодот меѓу април 2009 и март 2013 година.

Владата соопшти дека спогодбата се вбројува меѓу најголемите казни за избегнување царини во последниве години.

Царината во 2013 година утврдила дека Транзит Конект се увезувале како патнички возила и потоа се преправале во товарни возила, за да се избегне повисоката царинска стапка што важи за товарните возила. Со тоа, место 25 проценти царина, Форд за возилата пријавени како патнички автомобили платил само 2,5 проценти царина.

Министерството за правда наведува дека Форд ги увезол возилата „со лажни задни седишта и други привремени додатоци, за да направи фургоните да изгледаат како патнички возила. Овие привремени задни седишта ниту биле замислени, ниту пак можат да се користат за превоз на патници.“

Форд ги додал овие седишта и избегнал плаќање царина во висина од 25 проценти, обвинуваат властите.

По царинењето, од Транзит Конект била остранувана задната лажна клупа и возилата се враќале во првобитната состојба на доставни возила.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Порше има нова верзија на Тајкан и уште еден рекорд

Тојота го презема уделот од Панасоник во бизнисот со батерии стар три децении