Зошто шефот на Porsche цени дека е-горивата се добро решение

Возачките и возачите на Porsche најзадоволни

Извршниот директор на Porsche, Оливер Блуме, не гледа судир на интереси меѓу зголемувањето на бројот на модели со електричен погон во понудата на спортската марка и притисокот што се врши, за е-горивата да бидат изземени од забраната што се планира во Европа за продажба на нови автомобили со мотор со внатрешно согорување.

„Доколку е-горивата бидат дозволени во иднината, тоа нема да предизвика промени во стратегијата на Porsche,” посочи Блуме за време на годишната конференција за медиуми на марката во понеделникот.

Таа стратегија оди во насока, идните електрични автомобили на Porsche, каков што е новиот Macan најавен за в година, да учествуваат со повеќе од 80 проценти во продажбата на марката во 2030 година.

Porsche, во исто време е главен поборник за е-горивата, коишто ги цени како начин да се вози автомобил со мотор со внатрешно согорување, без притоа да се испушта дополнителна количина СО2. Тоа е важно за Porsche, затоа што култот на марката се потпира врз 911, модел чијшто имиџ на трпи многу електрификација.

Ставот на Блуме се совпаѓа со клучните играчи на домашниот пазар на Porsche. Германија склучи сојуз со Италија и неколку држави во Источна Европа, коишто се противат на планот да се запре продажбата на нови автомобили со мотор со внатрешно согорување по 2035 година. Сојузот бара е-горивата да бидат исклучок од забраната.

Германскиот министер за транспорт Фолкер Висинг кажа дека во Италија, Полска, Чешка и уште неколку држави, постои скептицизам околу запирањето на продажбата на автомобили со мотори со внатрешно согорување.

Од друга страна, Франција и Шпанија се противат на какви било промени во плановите

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер изјави на француските тв-канали, „подготвени сме да ги браниме своите ставови, од грешката за животната средина и грешката за економијата.“

Министерот цени дека Европа заостанува пет до 10 години зад Кина во развојот на електричните автомобили и поради тоа мора да престане да им испраќа противречни пораки на производителите на автомобили, вклучувајќи ги француските Stellantis и Renault.

Германскиот министер Висинг цени дека групата држави што притискаат за промени бара да се воведе посебна категорија, во којашто ќе бидат вклучени автомобили со мотори со внатрешно согорување, што ќе можат по 2035 година да користат синтетско е-гориво што е неутрално во поглед на СО2.

„Доколку се однесувате сериозно во поглед на заштитата на климата,“ порачува Блуме, „тогаш ќе морате да го исчистите секој агол во својот дом“

Тој вели дека Porsche ги гледа нештата од глобално гледиште, кога станува збор за намалувањето на штетната емисија, место да пристапува кон проблемот од германска или европска страна.

„Во Европа мошне брзо ги електрифицираме автомобилите, затоа што ја имаме инфраструктурата. Но, доколку мислите на континенти како Јужна Америка и Африка, или на Индија, сигурен сум дека нештата нема да се одвиваат толку брзо,“ вели Блуме. „Затоа, сигурно ќе биде од корист ако климатските акции ги гледаме на глобално ниво.“

Подржувачите велат дека е-горивата претставуваат начин да се намалат штетните емисии на СО2 во постоечкиот возен парк од патнички автомобили, без притоа секое возило да биде заменето со електрично.

Критичарите велат дека производството на е-горива е мошне скапо и влече многу енергија. За е-горива да се користат во мотор со внатрешно согорување, потребно е петпати повеќе енергија од обновливи извори, отколку што ќе потроши автомобил со погон на електрична енергија. Тоа се наведува во журналот на Nature Climate Change за 2021 година.

Блуме верува дека даноците може да се сменат, за е-горивата да бидат поевтини

„Тоа се исплатува“, вели Блуме. „Не познавам друга можност за автомобилите со мотор со внатрешно согорување да се декарбонизираат.“

Тој додаде дека е-горивата се едноставни за транспорт. „Постоечката инфраструктура може да се користи без потешкотии.“

Шефот на Porsche исто така не крие дека ставот на марката за е-горивата, се поврзува со иднината на нејзиниот култен модел.

„Porsche 911 ќе се нуди со мотор со внатрешно согорување, колку може подолго,“ објаснува тој.

Блуме ги гледа моделите од идната генерација што ќе користат е-горива, од типот на 911 и други „класични автомобили“ како „ниш-производи.“

„Убеден сум дека сопствениците на тие автомобили ќе бидат мошне среќни да им се понуди тоа (да се користат е-горива) со мошне ниска емисија на СО2,“ порачува менаџерот.

Porsche 911, којшто наскоро ќе се понуди и во изведба со хибриден погон, сложен е да се електрифицира, затоа што би се изгубиле неговите возни својства, со боксер мотор назад, со ниско тежиште. Со синтетските горива, 911 ќе може да се произведува и по 2035 година.

Претходна објаваKia EV9 или автомобилот за којшто на луѓе им е страв да кажат дека им се допаѓа
Следна објаваВидеоигри во автомобилот се нов бизнис вреден милијарди

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here