за

Kia EV9 или автомобилот за којшто на луѓе им е страв да кажат дека им се допаѓа

Со големи најави и со изглед што е дури и над очекувањата. Kia EV9 изгледа различно од сé, нормално дека вози на струја, способна е за многу нешта. Тоа е знаменосецот на марката.

Пуштањето на EV9 на сцената е уште еден голем момент за Kia и за светот, кога е најверно да се каже дека (и) по овој автомобил, сé ќе биде различно. Престижниот СУВ со многу седишта, вози целосно на струја, меѓутоа покажува дека преоѓањето на електричен погон не е единственото што се менува.

За својот нов знаменосец EV9, Kia вели дека поседува силен идентитет на СУВ, заедно со елегантен изглед на електрично возило, што добива задача да воведе промени и во својот сегмент и во начинот на којшто се живее во електричната ера.

Корпорацијата Kia денес целосно го прикажува изгледот на новиот EV9, внатре и надвор. Тоа е првиот знаменосец СУВ на марката, со три реда седишта. Изгледот е повеќе од впечатлив, а дизајнерите ценат дека во него има елеганција. Во секој случај, на Kia досега добро ѝ успевал дизајнот, така што критиките за изгледот на EV9 е помудро да се задржат.

Дизајнот се раководи според филозофијата на „спротивностите се обединуваат“, варијација на спротивностите се привлекуваат. Тоа е начело што во голем дел е присутно и во бестселерот Sportage, но и во мулти-автомобилот на годината EV6 и кај ѕвездата во сенка Niro.

Под спротивности се мисли на природа и модерно, на спој на скултурирани форми и на строга геометрија, што создава современ, а пак претставителен СУВ. Шеф-дизајнерот и заменик извршен директор Карим Хабиб, сето тоа го објаснува од прво лице: „Kia EV9 пробива нови патишта, со цел да воведе ново толкување на стандардите за дизајн, конективност, применливост и одговорност за животната средина

Предниот дел на Kia EV9 се одликува со едноставни, прецизни линии и површини на каросеријата. Според дизајнерот, во изгледот на големиот СУВ во подеднаква мера учествуваат доверливост, јасност и смиреност. Мошне впечатливи се исправените делови од светлата, коишто кај EV9 воедно претставуваат и маска. Тоа е новиот изглед на традиционалниот „тигарски нос“ што со години ги одликува моделите на Kia. Идните модели ќе ја користат истата шема.

Страничниот профил соединува моќна и самоуверена појава на СУВ, со форма што излегува во пресрет на барањата за аеродинамичност. Се забележуваат правилните триаглести форми во крилата и во арките на крилата. Рачките на вратите се впуштени, покривот благо се спушта под права линија кон опашот.

Назад владее едноставност, со мошне тенки светла, во духот на предните. Така според дизајнерите уште повеќе се нагласува моќноста и самоувереноста во појавата на EV9.

Кабината е дизајнирана како нов простор за дружење, со изобилство од комфор и технологија

Уште еден дел од филозофијата на „спротивностите се обединуваат“ на Kia е принципот на „технологија за животот“. Суштината е во тоа што се користат само оние нови технологии, што донесуваат полесно и поприродно ракување и користење.

Целиот под на возилото што е конструирано врз платформата E-GMP е рамен. Заедно со долгото меѓуоскино растојание и должината на самата каросерија, внатре треба да се стекнува впечаток како да се седи во салон. EV9 ќе се нуди во изведба со шест или со седум седишта.

Седиштата во првиот и вториот ред може да се залегнат, на пример, за патниците да си направат починка додека се полни батеријата. Средниот ред може да се сврти наназад, за дружење со патниците во третиот ред.

Престижниот автомобил нуди едноставен дизајн, но се одликува со врвен квалитет на изработка. Два дисплеи од 12,3 инчи сочинуваат цел екран со пет полиња на прикажување.

Сите детали за новиот модел, вклучувајќи и технички податоци и информации за почетокот на продажбата, ќе бидат објавени кон завршетокот на март.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Бавното производство на Ariya пречка за електро-камбекот на Nissan

Возачките и возачите на Porsche најзадоволни

Зошто шефот на Porsche цени дека е-горивата се добро решение