за

Видеоигри во автомобилот се нов бизнис вреден милијарди

Светла иднина им претстои на видеоигрите во автомобилот. Тоа може да биде нов бизнис што вреди милијарди.

Во моментов уште се склучуваат неопходните соработки, за видеоигрите на голема врата да се внесат во автомобилите и се бара кругот на корисници што ќе биде заинтересиран за тоа. Електричните автомобили се одлична платформа за игри во автомобилот, и постојат повеќе причини за тоа.

Убава вест за луѓето на коишто им се здодевно додека патуваат со автомобил. Видеоигрите ќе станат дел од стандардната опременост на автомобилите. За тоа нема да се радуваат само тинејџерите. „Едни пијат кафе, додека електричниот автомобил е оставен 30 минути да се полни, други само кусо ја проверуваат поштата – и продолжуваат со видеоиграта“, вели Ралф Хертвиг, директор за автомобилски софтвер во Nvidia.

Тоа се одговорите што ги даваат корисниците, на прашањето што прават за време на полнењето на електричниот автомобил. Nvidia е светски прочуена по брзите сметачи со ултрависоки перформанси и по апликациите за автоматизирано возење, а сега сака и видеоигрите да ги внесе во автомобилите.

Пазарот уште е мал, меѓутоа потенцијалот е голем. Тоа го заклучува консултантската компанија McKinsey. Според првичните процени, McKinsey предвидува дека во 2030 година, во светски рамки ќе се постигнува промет од околу една милијарда долари од игри во автомобилите. Оттаму откриваат дека во моментов се склучуваат договори за соработка и се бараат целните групи.

Најдобар автомобил за видеоигрите се токму електричните автомобили од најновата генерација, барем додека автономното возење не се пробие во поголем обем на автомобилскиот пазар. „Електричните автомобили, од една страна, конструирани се врз нови платформи и ги исполнуваат предусловите, како што се голем дисплеј, моќен сметач и поврзување на интернет. Од друга страна, возачите на електрични автомобили го поседуваат потребниот технички афинитет и имаат време за тоа, додека се полни автомобилот при патување,“ упатуваат од McKinsey.

Играњето во автомобилот е голем пазар

Идниот тренд на In-Car-Gaming е сигурна работа, барем така покажува истражувањето на целните групи. Околу 80 проценти од Американците играат видеоигри, во Европа не е ништо помал уделот и тој изнесува околу 60 проценти. Просечната возраст е 37 години. Овие факти укажуваат дека луѓето ќе сакаат да играат и во автомобилот, ако тоа им се овозможи.

porsche holoride

„Играњето во автомобилот нема да го замени искуството на Gaming-PC или на играчка конзола“, вели Феликс Фалк, директор на Game. Ова здружение го организира најголемиот настан во компјтерските игри во светот Gamescom. Лани на настанот учестувуваше и Mini, меѓу неколкуте автомобилски компании.

Играчката индустрија ќе понуди многу повеќе, отколку само забава за возачите на електрични автомобили, додека батеријата се полни. Tesla на преодот во 2023 година, најави дека платформата Steam ќе ја вклучи во веќе постоечката услуга Tesla Arcade. Станува збор за една од најпознатите платформи за играње, преку којашто гејмерите играат компјутерски игри на интернет, вклучувајќи и играчки заедници. Tesla преку услугата Tesla Arcade веќе извесно време на возачите им нудат компјутерски игри во автомобилот, за да се скуси времето на чекање додека се наполни батеријата.

Nvidia во почетокот на јануари исто така најави на ЦЕС во Лас Вегас, дека го подготвува својот сервис за играње базиран на податочен облак GeForce NOW, заедно со Kia, BYD и Polestar.

BMW има склучено договор за соработка со играчката платформа AirConsole. Тоа ќе овозможи во иднина да се пуштаат видеоигри на дисплеите во возилото. Телефоните на патниците ќе се користат за контролите во играта.

Фирмата Holoride, коајшто е произлезена од Audi, се посветува на игри преку VR-очила. Од Holoride ветуваат дека ќе понудат „незамисливо доживување“ и целат точно на тоа, нивната технологија да се користи во текот на самото возење, за возењето во свијоци или забрзувањето, да се вклучат во играта.

Holoride за таа цел самостојно изработува игри, коишто се приспособуваат на рутата и на времетраењето на патувањето. Обичните игри исто така ќе може да се користат со технологијата на Holoride. Audi веќе ја вклучи оваа технологија во своите најнови модели. Главна корисничка група засега се тинејџери на задната клупа, но со текот на времето ќе се заинтересираат и возачите.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Возачките и возачите на Porsche најзадоволни

Зошто шефот на Porsche цени дека е-горивата се добро решение

Единственото i-нешто што е поголемо од i-Phone: Десет години на Peugeot i-Cockpit