Порше поради царините на Трамп третпат ги качува цените во САД

Огранокот на Порше за Северна Америка планира во јануари повторно да ги зголеми цените за своите возила, како последица од царините во САД.

Цената на основна изведба на Порше 911 Карера во САД изнесува 134.650 долари, вклучувајќи трошоци за испорака.

Претставник на Порше изјави дека дилерите на марката во САД на 10-ти декември добиле известување за новите цени.

„Овој чекор се темели на условите на пазарот во моментов, коишто ги следиме редовно и преземаме чекори кога тоа ќе биде неопходно“, изјави претставникот на Порше. „Тоа ќе влијае врз повеќето, но не и врз сите возила, а зголемувањето ќе се движи од 1,2 до 2,9 проценти, зависно од моделот.“

Купувачите мора да го преземат своето возило до 5-ти јануари, за да ја задржат сегашната цена, кажуваат од Порше Северна Америка.

Порше не ги откри новите цени, а не ги наведе и возилата што не се погодени од поскапувањето во САД.

Царините што ги воведе Доналд Трамп извршија силен притисок врз групацијата Фолксваген во целина, а посебно Порше, коишто сите свои возила ги произведуваат во Европа.

Директорот за финансии на Порше, Јохен Брекнер, го најави покачувањето уште во октомври, за време на објавувањето на резултатите од бизнисот во третото тромесечје.

Тоа ќе биде трето покачување на цените на Порше во последните неколку месеци.

Брекнер кажа дека производителот ги зголемил цените за моделите за 2026 година во сите региони.

Во јули, цените во САД пораснаа за 2,3 до 3,6 проценти, објави Блумберг.

Ценовникот за СУВ-моделот од средна класа Макан, најпродаваниот модел на Порше, во моментов почнува од 66.950 долари, вклучувајќи испорака, додека големиот Кајен чини 91.150 долари. Цените на класичарот 911 Карера почнуваат од 134.650 долари.

Брекнер соопшти дека трошоците од царините на Трамп ќе предизвикаат дополнителен трошок од 813 милиони долари во 2025 година. Царинската стапка од 15 проценти за возила што се произведени во ЕУ стапи на сила на 1-ви август, по потпишувањето на трговската спогодба меѓу САД и ЕУ.

Бројот на испорачани возила на Порше во САД опадна 4,9 проценти во третото тромесечје, меѓутоа од почетокот на годинава, продажбата пак е во раст од 5,6 проценти.

[the_ad id=”85764″]

Претставникот на Порше изјави дека германскиот производител на автомобили бележи силна побарувачка за своите возила, што „во дел е поттикната од нашата посветеност, на нашите клиенти да им понудиме колку е мошно поширок избор.“

Порше ќе добие важно засилување во следното лето, кога почнуваат испораките на електричниот Кајен во САД.

Претходна објаваДевет членки на ЕУ предупредуваат за последиците од „купувај европско“
Следна објаваФорд и Рено гледаат следна закана за пазарот од кинеските доставни возила

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here