Девет членки на ЕУ предупредуваат за последиците од „купувај европско“

Девет европски држави повикуваат Брисел да биде внимателен околу политиката на „купувај европско“, чијашто цел е да запре користењето евтини делови од Кина.

Девет членки на ЕУ порачаа унијата да биде крајно внимателна околу поддршката за сопствената индустрија, преку политиката на „купувај европски“, во загриженост дека тоа може да влијае негативно врз цените, веригата од добавувачи и конкурентноста.

Европската комисија во следниот месец треба да предложи мерки за јакнење на индустријата на ЕУ, додека во исто време се работи на смалување на емисијата на ЦО2 и засилување на производството на чисти технологии, преку повикот да се даде предност на производи што се произведени локално и на тој начин да се смали зависноста од увозот од Кина.

Франција е меѓу заговорничките на таа идеја. Претседателот Емануел Макрон во минатата седмица го повика кинескиот лидер Си Џинпинг, да се заложи за „исправување на неодржливиот“ трговски дисбаланс и кажа дека му се заканил на Пекинг со воведување царини, доколку не се преземат чекори.

Германскиот министер за финансии Ларс Клингбајл повика, пристапот „купувај европски“ да важи за критични компоненти, додека канцеларот Фридрих Мерц кажа дека на јавните тендери ќе ѝ дава предност на Европа.

Претставници на синдикатите на германските добавувачи Мале и ПВО, предупредија дека кинеските добавувачи ја преплавуваат Германија со евтини делови, што врши дополнителен притисок врз локалните производители, коишто и без тоа се соочуваат со намалена побарувачка и зголемени трошоци. Тоа преплавување е уште поoпасно за европските компании, затоа што кинеската конкуренција ја смали разликата во квалитетот, што некогаш ги штитеше германските компании.

Францускиот добавувач Валео соопшти дека е неопходно да се воведе регулатива, што ќе пропишува одреден удел на домашни делови во автомобилите што се произведуваат во Европа, за на тој начин да се заштити „неприфатливата“ ерозија на индустриската база во регионот.

Здружението на добавувачи на фабриките за автомобили КЛЕПА, во студијата што беше објавена на 10-ти септември, наведе дека „без итна акција на ЕУ“, Европа би можела да изгуби до 350.000 работни места, како последица од „комбинираниот ефект од транзицијата на видовите на погонски системи и преселбата на создавањето дополнителна вредност надвор од ЕУ.“

Политиката на купување европско „може да ги наруши трговските односи“

Девет држави – Република Чешка, Естонија, Финска, Ирска, Летонија, Малта, Португалија, Шведска и Словачка – во документот во којшто доби увид Ројтерс, сепак наведуваат дека секаков пристап на „произведено во Европа“ треба да се третира со „крајна претпазливост.“

Во документот што ќе биде приложен на состанокот на министрите за конкурентност на ЕУ на 15-ти декември, тие наведуваат дека комсијата прво треба да изврши сеопфатна процена, како таквата политика ќе влијае врз цените, веригата од добавувачи и конкурентноста.

[the_ad id=”85764″]

Деветте држави наведуваат дека политиката на давање предност на европското потекло, треба да се спроведува само доколку не постојат соодветни алтернативи и дека таа треба да се применува само во ограничено времетраење за одредени стратешки сектори.

Тие наведуваат и дека мора да се избегне сложената проверка на европското потекло кај покомплицираните производи.

Предлозите не треба да предизвикаат нарушување на трговските односи на ЕУ, имајќи предвид дека подлабоките партнерства со сродните држави се дел од стратегијата за диверзификација на ЕУ, стои понатаму во документот.

Конкуренцијата е неопходна за иновации, а непропорционалните правила можат да ги сопрат инестициите, наведуваат членките, во услови кога компаните не можат да обезбедат доволно снабдување за новите сектори.

„Доколку ‘европското потекло’ се примени во поширок обем, европските компании и нашите потрошувачи се ставаат во ризик да ги изгубат изборот и конкуренцијата, што ќе води кон повисоки цени и помалку иновации“, се наведува во документот.

Претходна објаваБАИК во Премиум Брендс, прв голем увозник што вклучува кинеска марка
Следна објаваПорше поради царините на Трамп третпат ги качува цените во САД

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here