Порше ги постави првите турбо-брзи полначи во Македонија

Порше Македонија ја презема трката со електричниот погон на домашната сцена. Вкупно шест полначи се поставени во кругот на компанијата, од кои два се супербрзи електрични полначи, кои работат со еднонасочен напон и моќност до 320 киловати. Тоа се т.н. Turbo DC-полначи што се соодветни за Porsche Taycan, Audi e-tron GT и идните модели со погон на струја што е сосем извесно дека Порше ќе ги вклучи во својата понуда на македонскиот пазар.

Во Порше Македонија активно функционираат вкупно 6 станици за полнење на електрични и хибридни возила, од кои 2 се новите Turbo DC полначи со капацитет од 320 kW, три полначи имаат моќност од 11 kW и еден полнач е со моќност од 7,2 kW. Тоа значи дека во моментот компанијата го има најмоќниот парк за полнење на електрични и хибридни возила во државата. Главна карактеристика на новите Turbo DC полначи е нивната брзина на полнење. Според спецификацијата, можат да ја наполнат батеријата на најмоќниот модел во понудата на Порше, моделот Porsche Taycan, од 20% до 80% за само 19 минути.

„Моделската офанзива на електрични и хибридни возила на Volkswagen Групацијата налага да се направат сериозни инвестиции во развој на инфраструктурата. Во моментов активни се 6 станици за полнење, но до крајот на летото очекуваме да ги инсталираме преостанатите 10 станици за полнење, со што вкупниот капацитет на полначите во рамките на компанијата ќе биде 1 мегават. Инвестицијата е вредна повеќе од 500.000 евра”, изјави д-р. Златко Муцунски, генерален директор на Порше Македонија.

https://photos.app.goo.gl/3YdufjRtTB4wqrKv8

Во рамките на понудата на електрични и хибридни возила, компанијата веќе ги нуди моделите Porsche Cayenne e-hybrid, Panamera e-hybrid, Porsche Taycan, Volkswagen e-up, Volkswagen Passat GTE и Volkswagen ID.3.

Во моментов активни се 6 станици за полнење, но до крајот на летото очекуваме да ги инсталираме преостанатите 10 станици за полнење, со што вкупниот капацитет на полначите во рамките на компанијата ќе биде 1 мегават. Инвестицијата е вредна повеќе од 500.000 евра

Др. Златко Муцунски, генерален директор на Порше Македонија

Моделската офанзива ќе биде засилена во текот на оваа година во која Порше Македонија планира почеток на продажба на повеќе електрични модели како: Светскиот автомобил на годината новиот Volkswagen ID.4, Porsche Taycan Cross Turismo, Škoda Enyaq, Audi e-tron и голем број на хибридни возила, базирани на постоечките модели кои се дел од понудата на компанијата.

https://photos.app.goo.gl/xMkJ3XXVDZwmjJCFA

Порше Македонија го трасира патот кон електричната мобилност. Доказ за тоа, не се само инсталираните брзи полначи во рамките на компанијата. Во изминатиот период, како дел од проектот Porsche Destination Charging беа инсталирани полначи на клучни точки низ целата држава: во главниот град во хотелите Bushi, TCC Grand Plaza и Panoramika, но и низ неколку градови низ државата: хотел Unique во Охрид, хотел Moderna во Демир Капија и Casino Hotel Flamingo во Гевгелија, каде клиентите кои возат хибридно или електрично возило можат да ги полнат своите возила.

Електричните возила се иднината на мобилноста и затоа мора активно да се работи на градење на инфраструктурата, за што побрзо да се заменат возилата со мотори на внатрешно согорување, кои влијаат штетно на животната средина.

https://photos.app.goo.gl/9cbctnR2QyZx2xNg7

https://photos.app.goo.gl/SCm9WZ53Kda3DWFCA

Претходна објаваНовак Ѓоковиќ е главен во кампањата за спортската изведба на Peugeot 508
Следна објаваДесетгодишници се натпреваруват за најдобар млад возач во Британија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here