Новак Ѓоковиќ е главен во кампањата за спортската изведба на Peugeot 508

Со вчерашното отворање на Отвореното тениско првенство на Франција стартуваше и новата задача за Новак Ѓоковиќ, да биде главен лик во рекламната кампања за новиот 508 Peugeot Sport Engineered, спортската изведба на Peugeot 508.

Со погон на сите тркала, со приклучен хибриден погон и со 360 КС, спортската изведба 508 Peugeot Sport Engineered соединува високи перформанси и ниска емисија на штетни материи. Тоа се воедно и квалитетите што ги почитува Новак Ѓоковиќ, докажан заштитник на животната средина. Српскиот тенисер и амбасадор на Peugeot е на врвот на АТП-рангирањето веќе 322 недели – тоа е историски рекорд, што продолжува.

Француската марка става голем нагласок на електрификацијата на својата понуда од модели. Тоа станува очигледно уште во 208 и во 2008, кои се достапни и со конвенционални мотори, но и со чисто електричен погон. Затоа и стои слоганот „Power of choice“, односно моќ на изборот. Спортскиот модел 508 Peugeot Sport Engineered на воспоставените вредности им го додава концептот на нео-перформанси. Притоа се мисли на електромоторот во погонската спрега, кој од една страна гарантира врвна ефикасност, но во исто време е способен и за високи перформанси, со намалено влијание врз животната средина.

Особено сум горд што ќе ја прикажувам марката Peugeot на мојот дрес и почестен сум што ќе бидам меѓу првите кои ќе го возат 508 Peugeot Sport Engineered. Како спортист и одговорен граѓанин што е посебно грижлив во заштитата на животната средина, ја поддржувам стратегијата за електрификација на Peugeot со уживање и убеденост. Посебно го ценам фактот што Peugeot обебедува превоз за играчите на Ролан Гарос со целосно електрифициран возен парк“, изјави Ноле.

Пораката во кампањата на 508 Peugeot Sport Engineered се однесува на тишината што е во спој со перформансите. На тој начин се покажува, дека благодарение на електричниот погон, најмоќниот модел од сериско производство на Peugeot може да постигне перформанси што се во согласност со заштитата на животната средина, како во поглед на бучавата, така и во поглед на емисијата. Паралелата со Новак Ѓоковиќ е неговото барање за апсолутна тишина пред да ја започне битката на теренот.

Кампањата е снимена во Белград на 26-ти април.

https://www.youtube.com/watch?v=ugNSGoISTmg

Претходна објаваНовата Kia Sportage ќе биде спој меѓу природата и технологијата
Следна објаваПорше ги постави првите турбо-брзи полначи во Македонија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here