за

Новата Kia Sportage ќе биде спој меѓу природата и технологијата

Kia првпат ги покажува контурите на петтата генерација на Sportage, целосниот изглед ќе биде прикажан за неколку недели.

Од грубите контури што го прикажуваат изгледот на петтата генерација на Kia Sportage веќе се наѕира впечатлив и современ дизајн, за кого што дизајнерот Карим Хабиб објаснува дека е инспириран од природата и модерниот свет.

Новиот изглед на Kia Sportage се одликува со фини и мускулести форми на каросеријата, на коишто се надоврзуваат свежи, остри и чисти детали, заради разигрување на дизајнот. Големи промени треба да се очекуваат и во внатрешноста, каде што главен белег ќе бидат дигиталните инструменти и средишен дисплеј поставени под заеднички заоблен панел. Sportage од петто колено во основа го продолжува стилот што го воведе електричната Kia EV6, наречен „Opposites United“, односно спротивностите се привлекуваат.

Наследникот на најпопуларниот СУВ-модел на Kia ќе биде претставен во јули во Кореја. Моделот има цел да постави нови мерила во својот сегмент, со напреден дизајн на каросеријата и во кабината, со богати можности за поврзување и со штедливи погонски единици.

Инспирирајќи се од етосот што го создадовме, во којшто природата се соединува со технологијата, целосно новиот Sportage ги предизвикува стандардите, со авантуристички и современ надворешен изглед, и со внимателно осмислена внатрешност со прекрасни детали“, најавува Карим Хабиб, директор на глобалниот центар за дизајн на марката. „Со комплетно новиот Sportage, целта ни беше да си поставиме предизвици на нас самите и да го воздигнеме СУВ-моделот од петтата генерација на ново рамниште.“

Во следните неколку недели ќе следат и првите фотографии на коишто јасно ќе биде прикажан изгледот на новата Kia Sportage.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW по воздух пушта нов софтвер до 1,3 милион возила

Новак Ѓоковиќ е главен во кампањата за спортската изведба на Peugeot 508