за

Десетгодишници се натпреваруват за најдобар млад возач во Британија

Британија го бара најдобриот млад возач – на возраст меѓу 10 и 17 години, целта е младите по редовното полагање да возат побезбедно.

Четириесет најдобри возачи во Велика Британија, на возраст меѓу 10 и 17 години, ќе се натпреваруваат во националното финале за титулата на најдобар млад возач за 2021 година.

Настанот го организира најголемата возачка школа за кандидати помлади од 17 години. Young Drive седми пат го организира натпреварот. Финалето ќе се одржи на 2-ри октомври, а водител на настанот ќе биде автомобилскиот експерт и поранешен водител на Топ Гир и Фифт Гир, Квентин Вилсон. Финалистите ќе бидат поделени во две категории, на возраст од 10 до 13 години, и на возраст меѓу 14 и 16 години.

Авто-школата Young Driver има 70 подружници низ земјата и за 12 години има обезбедено над 900.000 возачки обуки на млади на возраст меѓу 10 и 17 години. Целта е младите возачи да стекнат искуство да возат побезбедно откако ќе станат полнолетни и ќе положат. Обуката се врши со нови Vauxhall (Opel) Corsa и сé е исто како при редовната постапка, со таа разлика што или се вози по затворен систем од посебни патишта или на приватни поседи.

Победникот на натпреварот ќе добие парична награда во висина од 200 фунти и возачка обука вредна 750 фунти. Меѓу останатите награди се ваучер за семејна посета на ресторан и потпишани копии на најновата книга на Вилсон, „Learn to Drive Without Tears and Tantrums“.

Тој коментира за настанот: „По седум години учество во натпреварот, уште ме зачудуваат посветеноста, вештината и способноста на натпреварувачите за најдобар млад возач. Некои од нив би можеле да посрамотат возачи со дваесетгодишно искуство, навистина.“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Порше ги постави првите турбо-брзи полначи во Македонија

Новиот автомобил на Мате Римац се вика Невера