Порше уште еднаш го дотера автомобилскот часовник со домашната премиера на електричниот Макан

Горе на покривот на катната гаража 26-ти јули, во просторот во којшто се случуваат најотмените, а уште почесто највеселите настани во градот, во Рагуза 360, автомобилскиот свет што го прикажа Порше Македонија со домашната премиера на Порше Макан, сосем е различен од тоа што секојдневно се случува дваесетина метри подолу. Макан денес е електричен автомобил, место сирени и турирање, звуците доаѓаат во такт на музичка класика изведувана од дамското трио Стрингс Лејдис, а сé е заокружено со послуженото пенливо вино и со благородничката виолетова боја што создава светлосен тепих низ просторот.

Тоа што го изрежира маркетингот на Порше Македонија, во веројатно последниот ден годинава, кога вечерни настани уште може да се одржат на отворено, навистина заслужува да биде и повеќе од вест на порталите и на друштвените мрежи. Во некои други времиња тоа ќе беше настан за којшто прво ќе известуваа ТВ-дневниците. Но, електричните автомобили, не само што се последната автомобилска тема во оваа Македонија, туку веројатно се и најзасмејувачката, според реакцијата што истите ја предизвикуваат меѓу пошироката публика.

Тоа е вина и на мас-медиумите, што први се залетуваат да ја препишат пропагандата на светскиот нафтен брокер САД и на нивните европски послушници, дека електромобилноста не чинела, но уште повеќе е вина на политичарите, коишто во изминативе години, во дел во немање време од распродажба на македонското име и достоинство, а во дел од валкани бизниси, што во основа значи кражба на парите од даноците на граѓаните, не ги наоѓаше за интересни автобилите и тоа што се случува во светот околу нив. Историската одговорност, настрана.

Затоа и насловот, дека Порше повторно го дотерал автомобилскиот часовник во земјава. Секоја премиера на електричен автомобил во изминативе години не беше друго освен дотерување на тој часовник. Но, тапото политичко игнорирање на шансата на нашата Македонија, којашто со немањето апсолутно никаква врска со производството на мотори, а уште помалку со црпењето и рафинирањето нафта, досега требаше да напредува далеку со електромобилноста, секогаш одново го расипува часовникот. Државата досега можеше барем да го запре увозот на користени луксузни лимузини и теренци, чијшто штетен издув уште одамна почна да го јаде македонскиот ген.

Порше Македонија во меѓувреме одржа најмалку дузина премиери на електрични модели, постави фотоволтаички колектори на покривите од којшто се испорачува енергија и за објектите на увозникот и за полначите, ги има двата најбрзи турбо-електрични полначи во државата, којзнае уште што сé имаат направено.

Макан дури и не е првиот електричен модел на Порше, туку следи по Тајкан, што има изградено силно присуство на европската сцена и се случувало на моменти да биде најпродавана луксузна лимузина воопшто.

За премиерата на Порше Макан, генералниот менаџер на Порше Македонија, Златко Муцунски, кажа: „Живееме во време на трансформација, каде светот се движи кон поодржлива иднина. Во Порше, ова не го гледаме како предизвик, туку како можност да ги поместиме границите на она што е можно. Нашата посветеност на иновациите, перформансите и одржливоста не доведе да создадеме возило што поставува нов стандард на пазарот на електрични СУВ. Новиот Макан не е само уште еден електричен автомобил – тоа е Порше. Вистински спортски автомобил во срцето, кое нуди возбудливото возачко искуство што го сакаат ентузијастите на Порше, сега придвижувано од најновите достигнувања во електричната технологија.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Automedia.mk (@automedia.mk)

Претставувањето на моделот го продолжи Винко Марашевиќ, бренд менаџер на Порше, кој прецизираше: „Електричниот Макан е Порше, се чувствува како Порше, се вози како Порше. Електричната платформа не ја одзема суштината, туку ја подобрува и ја нагласува. Ние сме горди на тоа што претставува Макан – симбол на нашата посветеност за поместување на границите и создавање на иднина каде што електричната мобилност носи возбуда, ефикасност и непогрешливост.“

Премиерата на електричен Порше Макан во основа треба да влијае општо врз целата сцена, за возачките и возачите да се охрабрат да се впуштат во електромобилноста во далеку подостапните ценовни сегменти, каде што наскоро Фолксваген, Шкода и Сеат ќе имаат модели што почнуваат од околу 25.000 евра.

Премиера на Порше Макан: Отсега само на струја

Претходна објаваШкода Елрок, електрична и со цена споредлива со бензинец
Следна објаваЕ-408 е среќниот тринаесетти модел во понудата од електрични модели на Пежо

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here