Porsche им држи часови по германски на бегалци од Украина

Курсевите се одржуваат во образовниот кампус на производителот на спортски автомобили во Цуфенхаузен, како и во повеќе семејни центри на територијата на Штутгарт.

Помошните центри на Porsche се организираат првенствено како појдовно место за дечињата на коишто им е потребна грижа. Партнер во проектот е мрежата „ukraine engagiert“ којашто ги обединува граѓанските здруженија и државните органи, како и мрежата јазични училишта kmp.

Главниот кадровик во Porsche, Андреас Хафнер, посебно е горд на брзината со којашто се организираше помошта. Спортската марка ќе им помогне на бегалците од Украина да се чувствуваат колку може попријатно во Германија. „Јазикот е главен фактор за тоа“, порачува Хафнер. Голем број вработени во Porsche исто така се ангажираат доброволно за да им помогнат на Украинците.

Покрај сопствени јазични курсеви во Цуфенхаузен и во семејните центри, Porsche одржува и други иницијативи како помош за учење на германскиот јазик.

Претходна објаваMercedes EQS SUV: Славче Таневски создаде електричен дизајн
Следна објаваOpel Vivaro: Налепници за спортски изглед се многу згодна работа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here