Како добар домаќин, Porsche вложува и надвор од автомобилската индустрија. Кинеската компанија iMaker развива и нуди виртуелни инфлуенсери во Кина. Тоа е бизнис во раст во азиската земја и причина за Porsche Ventures да вложува во истата.
Porsche Ventures и iMaker соработуваат уште од 2020 година и имаат цел да создадат дигитален екосистем, што ќе служи за унапредување и подобрување на начинот на којшто клиентите ги доживуваат дигиталните системи во возилата. Конкретно се развиваат нови дигитални содржини и технологии за апликации во самото возило.
Главното внимание е во таканаречените дигитални инфлуенсери. Тоа се компјутерски создадени личности и аватари, што имаат реални изрази на лицето и движењата им изгледаат прилично природно. Виртуелните инфлуенсери користат често во Азија, посебно на концерти, на платформи на социјалните мрежи и во комуникацијата на компаниите.
Соработката меѓу Porsche и iMaker продолжува во дигитални сценарија и екосистеми. Идејата е возилото да прерасне во важен составен дел од дигиталниот живот и од забавата, за на клиентите да им се понуди комфорно и пријатно доживување.
Таа изгледа како човек, но целосно е компјутерски генерирана. Ајаји (Ayayi) е виртуелна инфлуенсерка и создадена е од iMaker и партнерите
https://photos.app.goo.gl/YRfjkZzPJkERAp6WA
Кинеската компанија iMaker е основана кон крајот на 2019 година и досега била вклучена во четири финансиски рунди на Porsche Ventures, со различни инвеститори.
https://youtu.be/hPVLMi-qVik
>>> Porsche ја зголемил продажбата за 13 проценти

















