Валтер Рерл тестира нов Porsche Cayenne со екстра-перформанси

Конечниот збор го има Валтер Рерл: „огромен скок во сé што постоело досега. Со овој автомобил, поимот СУВ добива ново значење“. Така оцени човекот со една од највпечатливите кариери во мотоспортот, по проверката на перформансите и возните својства на новата изведба што Porsche наскоро ќе ја воведе во гамата на Cayenne.

Откако Porsche стартуваше со продажба на моделот во 2002 година, Cayenne е синоним за перформанси што се достојни за марката, заедно со погодност за секојдневието и висока приспособливост. Сцената уште во почетокот посебно ги прославуваше врвните спортски изведби, од типот на првиот Cayenne Turbo S од 2006 година со 521 КС или моделите GTS што имаат ставено уште поголем нагласок на спортските својства.

Тоа беа теренски возила, што се вовеа како спортски автомобили – своевремено, тоа беше вистинска сензација“, се потсеќа двократниот рели-шампион и амбасадор на марката, Валтер Рерл. Новата моделска изведба што наскоро ќе се придружи во гамата на Cayenne има за цел да го зајакне имиџот на моделот, како „најдобар во класата“. Основата доаѓа од Cayenne Turbo Coupe, моделот ќе понуди уште повисоки перформанси и уште поголема стабилност во свијоци.

Познатиот систем за активно спречување на наведнувањето на каросеријата Porsche Dynamik Chassis Control ќе добие нов работен модус, што ќе дозволува уште поекстремни перформанси на спортскиот СУВ. Темелни преправки се извршени во предната оска. Предните тркала се пошироки за половина инч во споредба со Cayenne Turbo Coupé, а негативниот нагиб е зголемен за 0,45 степени, со цел специјалните спортски гуми од 22 инчи за моделот да налегнуваат уште подобро врз асфалтот.

Моделот на тестирањето е маскиран во неколку подрачја, што навестува дека ќе има и неколку посебни детали во надворешниот изглед. Се забележува и титан-издув со средишно поставени издувни цевки.

Претходна објава„Светот на BMW“ во Минхен повторно отворен за посетители
Следна објаваВака изгледа „дворот“ на Škoda во Млада Болеслав

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here