за

Вака изгледа „дворот“ на Škoda во Млада Болеслав

Денес е меѓународен ден на биолошката разновидност, Škoda по тој повод ги прикажува најразличните проекти за задржување на истата. Почнувајќи од сопствениот двор, секако.

Во секоја фабрика на Škoda во светот, чешкиот производител применува мерки во насока на биолошката разновидност. Тоа е дел од стратегијата Green Future, исто како што и електричниот погон и чистата енергија се дел од таа стратегија.

Денешниот 21-ви мај е светски Ден на биолошката разновидност, според прогласот на Обединетите Нации во 1992 година. Škoda има што да покаже во чест на Денот. Производителот уште од 2007 година го подржува пошумувањето во Чешка. За секое испорачано возило во земјата се сади по едно ново дрво. До крајот на годинава, од почетокот на иницијативата, вкупниот број ќе достигне 1.010.000 нови посадени дрва.

Тоа одговара на површина од 347 фудбалски игралишта или на 227 хектари нова шума. Лани се посадени 83.249 дрва – толку возила имала испорачано Škoda во Чешка. Од годинава, дополнително се садат и грмушки.

Во кругот на своите три фабрики во Чешка, моментно има повеќе од 1.400 дрва, а 27.000 метри квадратни се под најразновидни грмушки. Покрај тоа, на површина од 100.000 метри квадратни се посадени цветни растенија, што е важно за инсектите и животните. Во матичната фабрика во Млада Болескав се одржува зеленило на површина од 22.000 метри квадратни, а во Врхлаби се поставени четири пчелни сандаци, во кои домуваат 240.000 медоносни пчели лете и 60.000 пчели зиме.

Во фабриката во Индија, во Аурангабад, Škoda во 2019 година уреди кислороден парк и оттогаш има посадено 25.000 дрва. Паркот ослободува 3.250 тони кислород годишно и апсорбира до 600 тони јаглероден диоксид. Поставени се вештачки гнезда за птиците. Чешкиот производител учествува и во проект што цели до 2027 година во земјата да се посадат над 580.000 растенија во мангровите.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Валтер Рерл тестира нов Porsche Cayenne со екстра-перформанси

Во Велика Британија возат 20.000 примероци од Peugeot 208

Во Велика Британија веќе возат 20.000 примероци од Peugeot 208