„Светот на BMW“ во Минхен повторно отворен за посетители

Работно време на прочуениот BMW Welt од осум наутро до осум навечер, слободен влез во музејот на денот на отворањето, ресторани со врвна гастрономија и исклучителен амбиент, продавници за фановите – сето тоа прави овој центар да биде меѓу најпосетените туристички одредишта во Минхен.

Светот на BMW и Музејот на BMW на 25-ти мај првпат годинава ги отвораат вратите за јавноста. По повод повторното отворање, на посетителите ќе им бидат достапни посебни попусти во „Welt, во музејот, продавниците и кафулињата. Секако, сето тоа ќе се одвива во согласност со важечките хигиенски мерки, вклучувајќи и задолжителна резервација на терминот за посетата.

BMW Welt продолжува со испорака на возила директно од центарот на марката, за клиентите што ќе побараат таква можност, и секако ќе доплатат соодветно за тоа. Прочуените ресторани Biker‘s Lodge и Bavarie привлекуваат со врвно подготвената храна, но и со единствената глетка на Олимпискиот Парк, изграден во 1970-те години.

Претходна објаваToyota Supra HV-R во 2007 година беше прв хибрид со победа на 24 часовна трка
Следна објаваВалтер Рерл тестира нов Porsche Cayenne со екстра-перформанси

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here