за

Porsche 718 со шест цилиндри и со цена на Cayenne: Затоа што е различно

Porsche 718 Cayman, Boxster GTS 40
Porsche 718 Cayman, Boxster GTS 40

Кај специјалистичките марки постои различна логика. Porsche 718 Cayman и Boxster се нудат во нова изведба со ознака GTS 4.0. Во нив работи шестцилиндарецот од 4,0 литри, боксер секако, како во GT4 изведбите на овие два модели. Тоа значи дека шестте цилиндри уште претходно се вратија во „најмалечките“ модели на марката од Цуфенхаузен. Цената е интересна.

Додека основната моделска изведба на 718 Cayman во Германија чини 55.508 евра, покрај последнава стои цена од 81.926 евра. Меѓу овие две крајности постојат бројни варијации, од „лесната“ Т, преку S и GTS, до тркачката GT4. Тоа што најмногу ги збунува непознавачите на делото на Porsche: Големиот и моќен Cayenne S со 340 КС чини помалку од новиот „4.0“, исто како и Macan S, а секако и основниот Macan. Зошто некој би избрал 718 што чини исто колку модел што е поголем од него, па е уште и СУВ? Затоа што е различно!

Со четилитарскиот B6 со 400 КС се става уште повеќе спортски нагласок во 718, не колку во GT4, но затоа се додава ексклузивна опрема. Во комбинација со менуелен менувач со шест степени и со спортски издув, се постигнуваат впечатливи перформанси и посебно возачко доживување.

New item by Automedia MK / Google Photos

Спринтот до темпо сто трае 4,5 секунди, крајната брзина изнесува 293 km/h. Целата поента на вградувањето на 400-коњскиот боксер е во следното: Активното подвозје се вградува како стандард, заедно со спуштање за 20 милиметри и со приспособлива распределба на вртежниот момент меѓу задните тркала, вклучувајќи механичка блокада на задниот диференцијал. На тој начин се постигнува посебниот баланс меѓу спортска крутост и комфор за секојдневно возење.

New item by Automedia MK / Google Photos

Во стандардната опрема спаѓа и спорт-хромо пакет, со усовршена Porsche Track Precision App. Детали во црна боја и внатрешност во темна алкантара го ставаат препознатливиот печат на моделите со ознака GTS.

Отворената каросериска изведба 718 Boxster GTS 4.0 чини 83.949 евра. Испораките на двете моделски изведби почнуваат во март.

Уште неколку посебности на Porsche 718 Spyder/Cayman GTS 4.0:

New item by Automedia MK / Google Photos
  • При пониски вртежи и оптоварување наизменично се „исклучуваат“ цилиндрите од едната страна, заради намалување на потрошувачката на гориво
  • Спортскиот издув од GT4 следи стандардно и поседува динамична регулација на придушувањето на звукот
  • различната конструкција на издувот го овозможува црниот завршеток на опашот, кој е препознатлив за GTS
  • Како опција се нуди спортско активно подвозје, со коешто клиренсот се смалува за уште 10 mm
  • Бандажите од 20 инчи се во црна боја, со „зајденгланц-финиш“, односно со свиленкаст сјај
  • Предните гуми се со димензија 235/35 ZR 20, задните со 265/35 ZR 20
  • Сопирачките дискови се перфорирани, клештите се лакирани во црвена боја
  • Како опција се нудат керамички-композитни сопирачки (PCCB)
  • Во стандардната опрема спаѓаат инфо-забавен систем со дисплеј од 7 инчи, онлајн-навигација, говорна команда и просторно озвучување од специјалистот Burmester.
New item by Automedia MK / Google Photos

https://www.instagram.com/p/B7W53g_on3I/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

toyota gama modeli

Toyota ги освојува возните паркови на фирмите во Германија

Електричен Mercedes eEconic остава двојно чисто зад себе

Електричен Mercedes eEconic остава двојно чисто зад себе