за

Електричен Mercedes eEconic остава двојно чисто зад себе

Електричен Mercedes eEconic остава двојно чисто зад себе
Електричен Mercedes eEconic остава двојно чисто зад себе

Mercedes најави почеток на производството на електричниот Actros в година. Неговите траги сега ги следи и вториот камион што ќе вози на струја, eEconic. Тест-серија ќе се испорача на избрани фирми да го испробаат камионот, буквално во секојдневието – во собирање отпад.

Прототипи на Mercedes eEconic од следната година ќе се најдат во редовна служба кај избрани компании од комуналниот сектор. Станува збор за нископоден камион со погон на струја, со когошто Mercedes го прави вториот чекор во насока на воведување на електричен погон во своите камиони. Искуствата што ќе се стекнат со тестирањето на прототипите од eEconic ќе се применат во сериското производство, коешто е планирано да започне во 2022 година. Платформата на eEconic потекнува од eActros, камион за дистрибуција од „тешката класа“, кој ќе стартува на производствените линии в година.

Првата серија прототипи на eEconic ќе се изработи во конфигурација 6×2/N NLA и ќе се користи главно во собирање отпад. Возењето во градска средина, со често поаѓање и запирање при собирањето отпад, на вкупна релација до 100 километри дневно, совршено одговара за електричниот погон.

Групацијата за е-мобилност на Daimler Trucks & Buses планира до 2039 година, сите камиони и автобуси на главните пазари, да имаат неутрален биланс во поглед на емисијата на СО2. Дополнителни предности на електричниот погон во градската средина се тивката работа и отсуството на штетна емисија.

Во погонската група ќе се користат заеднички компоненти заради синергиски ефект, односно за поголема исплатливост при производството и развојот

Со користењето заеднички компоненти со Mercedes eActros ќе се постигне поголема исплатливост за развојот и производството на електричниот погон. Actros со погон на струја постигнува досег од околу 200 километри и моментно е во втората фаза на тестирање кај фирми во Германија и Швајцарија. Првите примероци беа предадени на тестирање уште во 2018 година. Во САД исто така се тестира, конкретно станув збор за Freightliner eM2 и за тешкиот Freightliner eCascadia.

Повеќе од 140 лесни камиони од типот Fuso eCanter веќе се наоѓаат во редовна употреба во градови ширум светот, меѓу кои Њујорк, Токио, Берлин, Лондон, Амстердам, Париз и Лисабон.

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche 718 Cayman, Boxster GTS 40

Porsche 718 со шест цилиндри и со цена на Cayenne: Затоа што е различно

Maserati limit serija Royale

Maserati со кралски третман: Серија Royale во само 100 примероци