Peugeot ангажираше 15 уметници да зборуваат за својата инспирација

Автомобилските марки не живеат само во салоните и по улиците, туку постојано изнаоѓаат нови начини за на јавноста да ѝ објаснат што е тоа што го прават. Шефицата на Peugeot, Британката Линда Џексон, секогаш кога зборува за француската марка, спомнува и „allure“, привлечност. Петнаесет уметници од светски глас, кои создаваат во најразлични подрачја, во серија видеа од по една минута, зборуваат за изворот на својата инспирација.

Peugeot е партнер на серијата куси видеа, именувана „Sublime inspiration“, којашто почна да се емитува на францускиот канал TF1. Во видеата, петнаесет креатори зборуваат за изворот од којшто ја црпат својата инспирација и за начинот за којшто таа ги поттикнува да создаваат врвни дела – и на тој начин, инспирацијата да ја преточат во „allure“, во привлечност.

Идејата на францускиот производител на автомобили е преку овие видеа да потсети на своето мото, дека „за Peugeot, привлечноста прави светот да биде подобро место за живеење“. Peugeot е партнер на краткометражната програма „Sublime inspiration“, којашто почна да се емитува на 4-ти јуни, на францускиот тв-канал TF1, и до 16-ти јули ќе се прикажува секоја недела околу 20.50 часот.

Видеата им се посветени на 15 дизајнери од светски глас, кои зборуваат за изворот на својата инспирација, за емоциите што сакаат да ги пренесат и зошто луѓето повеќе се привлечени од одредени креации. Во серијата зборуваат шеф-готвачот Ги Савој, дизајнерката Сара Лавоан, трубачот Ибрахим Малуф, фотографката Соња Сиeф, сликарот Риат Сатуф, вајарите Пјер и Жил, како и танчарот Гијом Диоп.

Peugeot од лансирањето на новиот 408 прерасна во своевиден „активист на привлечноста“. За таа цел, неодамна беше објавена соработката со Емерик Чачуа, основач на модната марка 3.PARADIS, со уметникот Џ. Демски и со YellowKorner, водечки издавач на уметнички фотографии.

Претходна објаваFiat 500, познат и како автомобилот што нема рок на траење
Следна објаваT-Mоdell од новата E-Class е последното комби од Mercedes

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here