за

Peugeot држи една петина од автомобилскиот пазар во Франција

Францускиот автомобилски пазар во февруари регистрирал 132.638 нови возила, што е за близу една петина помалку во споредба со ланскиот месец. Најпродаваните два модели носат знак на Peugeot.

Продажбата на автомобили во Франција не е исклучок од општата ситуација на пазарот и според потврдени податоци за февруари, во земјата до февруари биле продадени вкупно 259.017 возила или за 14,2 проценти помалку во споредба со првите два месеци лани.

Меѓу причините за ослабнатата продажба се вбројува и воведувањето на полицискиот час, што почнува во 18 часот. Во приватниот сектор биле остварени 43,2% од вкупната продажба на автомобили во земјата, наспроти 38,8% лани во февруари. Тоа укажува дека кризата повеќе влијаела врз продажбата на службени возила.

Во поглед на видот на горивото, возилата со бензински мотор во првите два месеци од ’21 учествувале со 44,2% во вкупниот пазар, додека дизелите го бележат најнискиот удел во историјата, со само 21,1% од пазарот, наспроти 33,7% во истиот период лани. Голем скок има во продажбата на хибриди, кои напредувале 61,5%, односно држат близу една третина од пазарот (31,1%). Сензационален тренд има кај моделите со приклучен хибриден погон, со раст од 126,1% и вкупно 17.235 возила до февруари. Заедно со чисто батериските возила (-27%), овие два видови погон во првите два месеци учествувале со 15,5% во вкупната продажба. Во Франција во јануари и февруари биле продадени 14.895 чисто електрични возила.

Во период од седум месеци, Peugeot шестпати бил најпродавана марка автомобили во Франција

Во конкуренција на производители, Peugeot шестпати остварува лидерство на францускиот пазар во период од седум месеци, со пазарен удел од 20,2 проценти, и со пад од 17,2 проценти во продажбата. Renault следи на второто место со пад од 35,1%, воедно со историски најмал удел од 14,1 проценти на пазарот. Citroen (-25.6%) останува над симболичните 10% удел на домашниот пазар. Dacia (+25.8%) и натаму се спротивставува на негативниот тренд, додека Toyota се држи релативно добро со пад од -5,4%, задржувајќи ја позицијата пред Volkswagen (-17,6%). Во францускиот топ се 10 пласираа и Kia (-5,7%) и Ford (-7,4%).

Најпродаван модел е Peugeot 208 (-16,1%) кој е незагрозен на водечката позиција, со пазарен удел од 6,1 проценти. Второто место го држи уште еден модел од марката, Peugeot 2008 (+24,7%), на кого што ова му е највисока позиција досега. Citroen C3 (+7,8%) постигнува раст и напредувал две позиции во споредба со јануари. Dacia Sandero е две места подолу, како четврти најпродаван модел, но според резултатот за првите два месеци пак е втор на листата. Две позиции изгуби и Renault Clio V (-21,9%). Напредува Renault Captur II (+2,1%), исто како и најпродаваниот модел од „странска“ марка, Toyota Yaris (+17%) на 9-то место – иако моделот се произведува во фабриката на Toyota во Валенсјан. Во следниот период се очекува и Ford Puma (+66,7%) да напредува на листата на најпродавани модели.

Peugeot испорача 100 примероци од 208 Rally4

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Камиони на Mercedes запираат самостојно за да заштитат пешаци

Новите модели на Mercedes-AMG добиваат хибриден погон