Бизнис е новото ниво на опременост што е достапно низ целата гама на Пежо, од 208 до 5008, со вклучени неколку ставки што се стандард во врвно опремените верзии, но со цена поблиску до нивото Стајл. Втората новина е ГТ Ексклузив, каде што името кажува.
Со двете нови нивоа на опременост Бизнис и ГТ Ексклузив, Пежо излегува во пресрет на барањата на купувачите. Бизнис е дополнување на опременоста со ставки што го зголемуваат комфорот во возење, и како што упатува името, тоа се обично ставки што ги ценат возачите на службени автомобили, односно возачи што често патуваат.
Втората новина е нивото ГТ Ексклузив, со коешто Пежо го нуди најдоброто што го умее во дизајнот, во деталите и во технологијата. Бизнис и ГТ Ексклузив им се придружуваат на познатите нивоа Стајл, Алур и ГТ.
Пежо Бизнис за уште повисок комфор во возењето
Нивото Бизнис во моделите 208, 2008 и 308, го користи како основа нивото Стајл и стадардно вклучува задна камера, собирање на ретровизорите и инфо-забавен систем Пежо ај-Конект Адвансд. Тоа се трите ставки што Бизнис ги поседува дополнително од Стајл. Инфо-забавниот систем овозможува безжично поврзување со телефон, онлајн навигација Том Том и говорни команди ОК Пежо.
Кај моделите Пежо 408, 3008 и 5008, нивото Бизнис е базирано врз нивото Алур, но дополнително поседува Пежо ај-КОнект Адвансд, копчиња ај-тоглс што се програмираат за брз пристап до функции по избор (клима, контакти, радио станици итн) и безжичен полнач. Во двата СУВ-модели 3008 и 5008, стадардно следи и дисплејот Панорамик ај-Кокпит широк 21 инчи, со висока резолуција.
Нивото Бизнис е достапно со сите видови погон во гамата на 208, 2008, 308, 408, 3008 и 5008. Посебност кај верзиите со приклучен хибриден погон е сопствениот полнач од 7,4 кВ.
ГТ Ексклузив или најдоброто од Пежо
Исто така во целата гама од модели и со сите видови погон е достапно и врвното ниво ГТ Ексклузив, позиционирано над ГТ. Тука се нуди уште поубедлив стил и опременост во којашто не смее нешто да недостига. Во ексклузивното ниво се добиваат седишта во алкантара и врати обложени со отмениот материјал, електрично местење и греење за предните седишта (со масажа кај 308, 408, 3008 и 5008), безжичен полнач и најнапреден инфо-забавен систем. Покрај тоа, елеткричните модели поседуваат и топлинска пумпа, со којашто од една страна се добива повеќе комфор, од друга се продолжува досегот.
















