Peugeot ја повикува публиката да ја избере маскирната шара на новиот 3008

Од Французите доаѓаат две големи вести во една, како за почеток на седмицата. Новата генерација на Peugeot 3008 ќе има премиера во септември. Втората вест, јавноста има можност да ја избере камуфлажата на новиот модел, додека почнува тестирањето на претсериските прототипи по јавни патишта.

Новата генерација на Peugeot 3008 уште летово ќе почне да вози по европските патишта. Но, тоа ќе бидат претсериски примероци од компактниот СУВ, за да се направат последните зафати пред да се одобри стартот на сериското производство. Овие своевидни прототипи ќе носат камуфлажа, за да не се открие конечниот изглед пред премиерата.

По овој повод, Peugeot како и секогаш излегува со свежи идеи и ја повикува јавноста, преку друштвените мрежи да го избере дизајнот на камуфлажата што ќе ја користи „долгоочекуваниот нов модел“, како што соопштуваат денес од тимот на шефовската ѕвезда Линда Џексон.

Во што се состои акцијата PEUGEOT #CAMOCATCH

Дизајнерите на Peugeot, предводени од Матијас Хосан, создадоа 10 нови маскирни шари, коишто се впечатливи и иновативни. Овие шари имаат улога да ја прикријат вистинската „мачкеста“ форма на новиот Peugeot 3008. Во исто време, шарата е избрана да поттикне љубопитност за новиот модел.

Од 15-ти до 31-ви мај, Peugeot започнува кампања на друштвените мрежи и ја поканува публиката да ја избере својата омилена шара, од 10-те опции што им ја понудија дизајнерите на Peugeot.

Публиката ќе гласа на фејсбук, инстаграм, твитер, линкд-ин.

Шесте камуфлажи со најмногу гласови ќе се изработат во јуни и ќе се користат за обложување на претсериските примероци од PEUGEOT 3008. Новиот СУВ ќе може во ретка пригода да се сретне по патиштата каде што обично се тестираат новите возила, главно во Шпанија и Португалија. Но, не само таму.

Во втората фаза, меѓу 1-ви јули и 15-ти август, среќниците што ќе наидат на камуфлираните примероци од Peugeot 3008, ќе можат да ги фотографираат прототипите (Pеugeot потсетува дека мора да се внимава и на безбедноста). Тие фотографии ќе се препраќаат до профилите на Peugeot на друштвените мрежи, под обележувачот #CAMOCATCH.

Тие на коишто двапати ќе им се посреќи и ќе бидат избрани, во следниот чекор ќе бидат поканети да дојдат на настанот и ексклузивно да го возат новиот 3008 во почетокот на 2024 година.

Претходна објаваToyota очекува годината да ја заврши со рекорди
Следна објаваЏентлмени на мотоцикли викендов го возат осмото издание на „Рајдот“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here