Посетителите на трговскиот центар Wien Mitte The Mall во австриската престолнина, до завршетокот на март ќе можат да погледнат голема медиумска иновација. Peugeot ја користи новата холографска технологија Hypergram, за да го прикаже новиот кросовер 408.
На познатата улица Ландштрасер во Виена, во трговскиот центар Wien Mitte The Mall, во следните неколку денови може да се погледне една голема иновација во светот на медиумите. Со помош на хајперграм-дисплеј, отпаѓа потребата од обични дисплеи и очила. Доживувањето е многу подлабоко и интерактивно. Иноваторите опишуваат дека впечатокот е како човек да се наоѓа на чекор пред да влезе во холографски филм или во рекламен спот. Сето тоа се случува без потреба од дополнителен софтвер.
„Иновацијата се соединува со иновација, новиот Peugeot 408 се соединува со Hypergram,“ вели Џеј Сарма, извршен директор на Ingage Media.
Peugeot често го користи зборот „неочекувано“, додека 408 е свежо пристигнат на сцената. Неочекуваното се однесува најмногу на силуетата, којашто спојува повеќе каросериски форми во една динамична и иновативна силуета. Новиот кросовер, односно фастбек, како што Французите сакаат да го именуваат, веќе имаше премиера и во Еуромпекс и во моментов е главен во салонската постава.
Вистински мамец за очите. „Hypergram се совпаѓа совршено, за да го истакне нашиот нов Peugeot 408 – неочекуван од секоја перспектива,“ порачува Мишел Вагнер, директорка на маркетинг во австрискиот огранок на Peugeot.
Hypergram користи најнова холографска технологија 8K-3D. Доживувањето на Hypergram е овозможено од Ingage Media и од Disturbed Media Group, за клиентите да се одушеват и воедно да се развие OOH-маркетинг бранша, којашто се заснова врз силни доживувања.
2023-HYPERGRAM-SHOWREEL from Disturbed Media Group on Vimeo.
















