Одлично функционира новиот маркетинг на Peugeot под Фил Јорк. Француската марка соопштува дека нејзините автомобили „не се направени само од метал и стакло, туку и од привлечност, страст и историја.“ Како тоа се направени автомобилите на Peugeot, прикажува новиот манифест на марката, во филмот насловен „The Language of Attraction“ или јазикот на привлечноста. Нормално дека сé се одвива околу Peugeot 408.
Зошто некои уметнички дела нé привлекуваат, прашува Peugeot. Затоа што тие „ни зборуваат“, но не со зборови, туку преку емоции. Марката од земјата на убавите вина, парфеми, облеки, од земјата на убавите Французинки, се разбира како функционираат тие нешта, па објаснува дека „тоа што навистина нé привлекува ни зборува на нашите срца“. Затоа во марката со лавот ги гледаат своите возила, дека освен од метал и стакло, тие се изработени и од привлечност, страст и историја.
Новиот манифест ја прикажува ренесансата на марката Peugeot, преку „јазикот на привлечноста“, којшто е совршен спој меѓу трите вредности на марката: Allure, Emotion и Excellence, односно привлечност, чувства и исклучителност.
Новите модели на марката, како што е новиот Peugeot 408, мора да привлекуваат и да понудат нешто невидено, непредвидливо. Кароссериската форма на фастбек на Peugeot 408 е пример за тоа.
Ова ново толкување на привлечноста на марката со дивата мачка е дело на американската агенција за креатива Doner.