Peugeot најпродавана марка во Шпанија во февруари

Peugeot е најпродавана марка во Шпанија во февруари, со вкупно 7.313 патнички и доставни возила. Тоа е раст од 16% во споредба со лани, и продажба е што одговара на 8,6 проценти учество на пазарот во земјата.

Французите водат на шпанскиот пазар и со продажбата на доставни возила со електричен погон, со 188 испораки и со пазарен удел од 22,9 проценти во вториот месец од годината.

Како што посочуваат од компанијата, клучот за успехот на Peugeot е во целосната и технолошки напредна понуда на возила со сите видови на електрифициран погон.

Во февруари, Peugeot е марката што продаде најмногу возила на шпанскиот пазар, со вкупно 7.313 патнички и доставни возила. Тоа претставува 8,6 проценти од пазарот во земјата и напредок е за 16 проценти во споредба со истиот месец лани.

Тоа што посебно го издвојуваат шпанските менаџери на марката со лавот е успехот со електрифицираните модели на пазарот на доставни возила. Peugeot во февруари продал 188 електрични доставни возила, што одговара на 22,9 проценти од овој пазарен сегмент.

Понудата од електрични доставни модели ги опфаќа e-Partner и e-Rifter – коишто патем се произведуваат во шпанската фабрика во Виго – потоа e-Expert, e-Traveller и e-Boxer. Пазарот ги цени овие возила по нивната издржливост, многустраноста и големината на товарниот простор.

Гледано вкупно на целиот пазар на доставни возила во земјата, Peugeot исто така е пазарен лидер во Шпанија, со 2.843 испораки во првите два месеци од годината. Растот во споредба со истиот период лани изнесува 30,1 проценти. Со оваа продажба, француската марка држи 13,6 проценти од пазарот на доставни возила во Шпанија во почетокот на годината.

Peugeot е на врвот на шпанскиот пазар и со возилата со приклучен хибриден погон. Во февруари се продадени 384 возила со овој вид погон, што е 8 проценти од пазарот во овој сегмент. Исто е толкав и уделот што марката го постигнува на пазарот на целосно електрични возила во земјата, со продадени 330 возила во февруари.

Меѓу моделите, Peugeot 2008, којшто се произведува во фабриката на Stellantis во Виго, најпродаван модел е на шпанскиот пазар, како во февруари (1.906 возила), така и во првите два месеци од годината (3.548 возила). Peugeot 3008 со приклучен хибриден погон е најпродавaн модел во Шпанија со овој вид погон во февруари, со 252 возила. Електричниот модел Peugeot e-208 во февруари постигнал 119 продажби и со тоа се наоѓа во Топ 10.

Претходна објаваVolkswagen очекува голем раст во продажбата, чекањето се скусува
Следна објаваНа овој остров во Италија се вози само Fiat Panda

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here