Поласовниот документарец насловен „Пандалерија“ е посветен на работниците во Помиљано д’Арко, кои ја произведуваат Fiat Panda. Филмот ја прикажува единствената глетка на островот Пантелерија, оддалечен сто километри од Сицилија и приближно толку од Тунис. Во светот не постои место, каде што има повеќе возила Fiat Panda по глава на жител.
Fiat го сними „Панделерија“ во чест на вработените во фабриката во Помиљано д’Арко, во близина на Неапол, каде што се произведува овој култен модел на италијанската марка. Премиерното прикажување на документарецот се одржа токму пред работниците во фабриката, во знак на благодарност за нивната работа.
За Пантелерија, остров во Медитеранот што е приближно на половина растојание од Сицилија и Тунис, важи дека „има повеќе Panda отколку што има жители“. Култното моделско име на Fiat постои подолго од 40 години и досега се прозиведени близу 8 милиони возила. Panda е најпродаван градски автомобил во Европа лани, и секако, најпродаван модел во Италија, со пазарен удел од 8 проценти.
Снимен на медитеранскиот остров што е оддалечен 100 километри од брегот на Сицилија, филмот прикажува Fiat Panda од сите генерации, од сите моделски изведби и бои. Покрај единствената слика со мноштвото автомобили Panda, филмот ја прикажува и убавината на Пантелерија. Островјаните зборуваат за своето секојдневие, во коешто Fiat Panda е неизбежна.
Во полчасовниот филм учествуваат 14 жители на Пантелерија, кои зборуваат за својата љубов кон трите генерации на Panda. Во видеото раскажуваат еден духовен водич, пчелар, фармер, механичар, поп, музичар и уште бројни ликови. Тие ја обожуваат Fiat Panda, затоа што е едноставна и достапна.
Филмот е дело на агенциите на групацијата Publicis, на познатите Leo Burnett и Publicis Sapient, во продукција на Twister Film и во режија на прочуениот документарист Џовани Троило, кој е познат по „Power of Rome“ и „Vesuvio or: How They Learned to Live Between Volcanoes“).
















