Туризам по стандард на AMG: Возачка школа по прочуени тркачки патеки

Возењето AMG многумина го имаат на ту-ду список. Возењето AMG по тркачка патека, тоа е веќе највисоко рамниште на мечти. Спортската и престижна марка на Mercedes-Benz го нуди и тоа задоволство, како еден вид туристички аранжман. Постои најширока понуда од можности, а нормално е дека сето тоа се вреднува со наплата според мерилата на AMG.

Пречек како тркачка ѕвезда, професионални инструктори и престој во средина од прва класа. Тоа е сосем веродостоен опис на програмите за возачки тренинг и доживување што останува за цел цел живот, што ги организира Mercedes-AMG, во вид на AMG RACETRACK EXPERIENCE и AMG LIFESTYLE EXPERIENCE.

Понудата е најразновидна, од тури во Тоската или во Јужен Тирол, до патеки по коишто се возат трки во формула 1. Сето тоа оди заедно со врвно подготвена храна, а секако дека целиот настан го придружува фотограф што ги овековечува моментите. Нормално дека во време на инстаграм и фејсбук мора со светот да се сподели присуството на вакви настани.

Возачки тренинг и за почетници и за мајстори зад воланот

Програмата RACETRACK EXPERIENCE нуди пакети за секој степен на воазчко искуство, од почетници, до возачи што располагаат со напредна техника на возење. Местата на коишто се одржуваат тренинзите се центарот за тестирање на Mercedes-Benz во Имендинген, што инаку е затворен за јавност, но и тркачките патеки Есторил, Спа Франкоршамп и двата круга на Нирбургринг, стандардната патека и светски прочуената Нордшлајфе, Северниот Јазол.

Основната програма е Disover и таа трае половина ден. Цената е 590 евра, се вози во Имендинген, а за странци е потребна меѓународна или европска возачка дозвола. Секако дека AMG е стандард. Следното ниво се програми PERFORMANCE и ADVANCED, на коишто се стекнуваат теоретски познавања од возачката физика, но и примена на стекнатите сознанија директно зад воланот на AMG. Возилата се доведуваат до границите, тоа е поентата на овие настани што секоја премиум марка ги организира за сопственици на возила од марката – и за сите што сонуваат да поседуваат врвен автомобил.

https://youtu.be/WY0ALbiz8Iw

Врв е програмата MASTER, каде што се возат тркачки машини од шампионатите во GT2-, GT3- или GT4. Тоа е обука по којашто следен чекор е учество на Track-Day. Овој ексклузивен настан што трае еден ден, чини 16.250 евра со Mercedes-AMG GT2, на гранпри-патеката Нирбургринг. Малку е подостапно ако се вози AMG GT4, тогаш искуството чини 10.250 евра.

AMG организира и туристички возачки тури, на пример, за летово може да се избере програма во Шибеник, Хрватска, којашто трае пет денови, вклучувајќи и престој во Д’Ресорт. Цената не е објавена, меѓутоа е мошне веројатно дека таа се движи на половина пат меѓу три и четири нули.

Секако дека постои и возачки тренинг со електричните болиди на Mercedes-AMG

Возење во екстремни зимски услови спаѓа во стандардна програма. Пет денови возење AMG во шведски Арјеплог, каде што се тестираат прототипи пред да отпочне сериско производство, чини 11.990 евра во најнапредната програма. За малку понапредна програма, треба да се смета на 5.990 евра помалку на контото.

Целата понуда се наоѓа на следниот вебсајт

https://experience.mercedes-amg.com/en/#0

 

Претходна објаваНа овој остров во Италија се вози само Fiat Panda
Следна објаваVolkswagen гради фабрика за марката Scout во Америка

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here