за

Peugeot и велосипедите ги пушти на струја

Велосипедите на Peugeot го движат светот близу 140 години и се менуваат заедно со него. Обновена е понудата од електрични велосипеди – паметни исто колку смартфон.

Лани европскиот пазар на велосипеди со електрична поддршка достигна рекордни 5,5 милиони примероци, за 8,6 проценти повеќе од преклани. Еден од секои четири продадени велосипеди е електричен. Peugeot има нова понуда, некои од функциите на велосипедите се изненадувачки.

Peugeot Cycles има богата историја на иновирање што почнува во 1885 година. Со ексклузивната лиценца располагаат Cycleurope Industries, коишто ги конструираат, произведуваат и дистрибуираат сите модели на велосипеди под името Peugeot. Понудата опфаќа најширок круг велосипеди, од детски, трекинг и градски модели, до планински велосипеди. Секако дека во сите овие сегменти се нудат и велосипеди со електрична поддршка.

Кон завршетокот на 2023 и почетокот на следната година, Peugeot Cycles ќе ги понуди во продажба новите модели на велосипеди со електрична поддршка (EAB, electrically-assisted bicycles). Тоа што посебно ги одликува велосипедите е конективноста.

Преку користење наменска мобилна апликација, може да се избере електричната поддршка да се приспособува според условите, но има и функција на заштита од кражба, геолоцирање, навигација во вистинско време, временска прогноза на одредиштето, статистика за рутата и уште бројни други функции.

Новите EAB-модели на Peugeot Cycles припаѓаат во три категории:

Градски велосипед (Digital e-Bike)

Товарен велосипед со продолжена задна вилушка (Digital e-Longtail), погоден и за семејно користење, но и за превоз на товар.

Дигитален е-велосипед со предно товарење, како товарен велосипед со нанапред продолжена шасија за превоз на товар или со место за превоз на три деца. Според Peugeot Cycles, овој модел може да се користи и во професионална примена.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen ќе развива електрични автомобили заедно со кинески Xpeng

Mercedes ги зголеми бизнис очекувањата откако попушти кризата со чипови