за

Публиката ја избра камуфлажата за новиот Peugeot 3008

Peugeot побара публиката да избира меѓу десет камуфлажи што новиот Peugeot 3008 ќе ги носи додека се одвиваат завршните тестирања по јавните патишта.

Јавноста го исполни тоа што марката со лавот го побара и гласаше за камуфлажите што ѝ се допаѓаат најмногу, за новата генерација на важниот СУВ-модел Peugeot 3008 да ги носи избраните камуфлажи при тестирањето на претсериските прототипи. Вистинската возбуда почнува дури сега.

На профилите на Peugeot на друштвените мрежи, почнувајќи од средината на минатиот месец, публиката можеше да избира меѓу десет камуфлажи за новиот Peugeot 3008. Французите веројатно ќе избираат рути што се повеќе изложени на видливост во јавноста, додека се вршат последните и најфини зафати кај новата генерација на Peugeot 3008.

Камуфлажата ќе служи да се прикрие вистинската форма на компактниот СУВ и да се задржи љубопитноста на сцената околу тоа што тимот на Матијас Хосан ќе го направи следно околу дизајнот на марката.

Peugeot денес јавува дека акцијата наишла на одлична прифатеност меѓу публиката и веќе се избрани шесте од предложените десет камуфлажи, што ќе се користат за прототипите на Peugeot 3008, кога тие ќе почнат да се појавуваат по патиштата во Европа.

Илјадници заљубеници во марката и во дизајнот гласаа на фејсбук, инстаграм, твитер и на Peugeot му го олеснија изборот на маскирањето за новиот 3008 пред премиерата.

Од десетте понудени камуфлажи, јавноста ги избра:

  • Paint од темата “Street Art”,
  • Menthol од темата “Optic Art”,
  • Jazzy од темата ‘Proto’type’,
  • Neon од темата “Street Art”,
  • Marrakech за “Optic Art”,
  • Tokyo за “Proto’type”.

Во текот на месецов ќе се испечатат камуфлажите на претсериските прототипи. На 15-ти јули следи пуштање на прототипите од Peugeot 3008, маскирани со избраната камуфлажа. Оваа фаза ќе трае еден месец и Peugeot повторно ја задолжува јавноста да се вклучи во еуфоријата пред пристигањето на новиот модел.

Тие што ќе имаат среќа да наидат на прототипите во текот на летото, можат да ги сликаат и да ги објават сликите на своите профили на друштвените мрежи, користејќи го обележувачот #CAMOCATCH и спомнувајќи го @PEUGEOT.

На тоа следи уште една фаза. Од сите објавени слики на мрежите – може да се објави само една по човек – ќе бидат избрани 6 победници, кои потоа ќе добијат покана да бидат гости на Peugeot и да го тестираат новиот модел во 2024 година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fiat topolino premiera

Малечко и електрично, со големо име: Fiat Topolino

Citroen вложува 160 милиони € во фабриката за следната генерација на C5 Aircross