за

Peugeot е главен и во кујната

Тоа се првите производи што му донесоа светска слава на Peugeot, рачни мелници за кафе, сол и бибер. Французите уште имаат новини.

Повеќе од петстотини модели на мелници се прикажуваат во онлајн-продавницата на Peugeot Saveurs и доаѓаат уште. Понудата набројува мелници за кафе, за сува или влажна сол, бибер, мускатен орев, чили, во различни должини, од кристал, до сив лив, и секако, во најразлични бои.

Повеќе од 180 години, светски прочуените мелници за кафе, за сол и за бибер, претставуваат неизоставен дел од секоја грижливо опремена кујна и прибор се на секој врвен шеф. Патентираниот систем за мелење од челик доаѓа со доживотна гаранција и ги има зачинето највкусните јадења што ги има создадено светов. Мелниците на Peugeot имаат една од најдолгите и највпечатливи традиции на производи.

Peugeot Saveurs, тоа е огранокот на Peugeot што е задолжен за кулинарството, ја лансираше колекцијата Bistrorama, со современа нота во изгледот на оригиналните рачни мелници за сол и бибер. Тоа се точно формата и механизмот на првите мелници на Peugeot во историјата, лансирани во 19-от век. Мелниците се високи 10 сантиметри и изработени се од дрво. Уште една посебност даваат боите во коишто се достапни мелниците.

Основата доаѓа од Z-моделот од 1874 година, прва столна мелница за бибер, изум на Peugeot

Достапни се девет различни бои, што дава вкупно 81 можни комбинации на парови од мелници за сол и за бибер: Passion red, Candy pink, Aubergine, Pacific blue, Pistachio green, Bone White, Eternal Black, Lead Grey и Terracotta White. Лакирањето е изведено со занаетчиски квалитет, а секако дека механизмот располага со навртка за нагодување на финоста на ситнење.

Секако дека производ со ваква традиција, но уште повеќе квалитет, не може да биде евтин. Во онлајн-продавницата стои цена од 27,90 евра.

Посебна приказна се мелниците за кафе, со основа широка дваесетина сантиметри и со цена од близу 200 евра.

https://eu.peugeot-saveurs.com/en_eu/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lexus отвора врата само ако е безбедно

Mitsubishi најавува две концептни возила за салонот во Токио