за

Peugeot 308 GT добива матрични диодни светла

Светлата во моделите на Peugeot отсекогаш носеле посебен печат. Новата генерација на Peugeot 308 и комбито 308 SW, во изведбите GT и GT Pack, стандардно добива матрични диодни светла.

Дизајнерите веќе извесно време ги користат светлата за преку нивната форма и преку нивната графика да го прикажат високото технолошко ниво на автомобилите. Од уреди што во автомобилските правремиња нудеа основна безбедност во возењето, светлата денес станаа технолошки уреди што импресионираат и со работата и со изгледот. Peugeot во новата генерација на 308 и 308 SW се грижи за корисни „светлосни ефекти“.

Откако почна нивното вградување во автомобилите во 2012 година, LED технологијата комплетно ги смени можностите и формата на предните светла. Моќните, а компактни светлосни единици, им нудат на дизајнерите голема слобода. Тие буквално можат да си играат додека креираат, за разлика од старите светла со халогена или ксенонска техника, што уште имаат бројни ограничувања во поглед на дизајнот.

Светлото што го емитираат LED-диодите изгледа бело, исто како кај ксенонските светла. Реално, светлината е сина. Таа минува низ слој фосфор, што впива голем дел од синиот спектар и на LED светлата им ја дава посебната бела боја.

Покрај тоа што траат 10 до 15 пати подолго од халогените светилки, LED диодите имаат значително намалена потрошувачка на енергија, придонесувајќи на тој начин и за намалувањето на потрошувачката на гориво и на емисијата, во мала, но сосем доволна мера

Новите Peugeot 308 и Peugeot SW го почитуваат препознатливиот светлечки печат на француската марка, со користење диодна техника. Сите нивоа на опрема, уште од основното ниво, стандардно користат светла со диодна техника.

Посебна технологија на светла работи во нивоата GT и GT Pack, кои располагаат со LED приспособливи светла со матрична технологија, што производителот ја води како Peugeot Matrix LED Technology. Светлата се сочинети од три елементи:

Дневни светла со диодна технологија во форма на очник што Peugeot ги воведе со новиот 508 во 2018 година.

Собореното светло е составено од четири диодни светла што се споени со цел да се создаде моќен светлосен сноп.

Долгото светло се состои од матричен модул што содржи 20 светлечки диоди, коишто го надополнуваат снопот на собореното светло. Во тоа воедно се состои приспособливата функција на системот. Овие дваесет модули се вклучуваат и исклучуваат, приспособувајќи ги на тој начин силината и насоченоста на светлосниот сноп, зависно од надворешните услови.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Камерата покрај горниот раб на ветробранот ја следи средината, за светлината и интензитетот на светлечките диоди да се приспособи според условите. На тој начин се постигнува автоматско приспособување на светлосниот сноп, за да се постигне оптимално осветлување, без притоа да се заслепуваат возачите што доаѓаат отспротива.

Кога се приближува до возило напред при мрак, новите Peugeot 308 и 308 SW следат како се движи возилото. Делови од долгото светло се исклучуваат во подрачјето околу автомобилот напред, за возачот во него да не биде заслепен од светлата, а возачот во Peugeot пак да има совршено осветлен простор околу.

Светлата на Peugeot 308 и 308 SW се приспособуваат автоматски и вклучуваат соодветен режим, соодветно на надворешните услови.

Градски режим:

Додека возилото се движи со брзина меѓу 0 и 50 km/h, вклучени се соборените светла.

Долго светло:

При брзини меѓу 50 и 110 km/h, работат долгите светла, постигнувајќи го целосниот потенцијал на осветлување.

Режим за автопат:

Кога се вози со брзина над 110 km/h во времетраење над пет секунди, светлата со технологијка PEUGEOT Matrix LED го менуваат аголот на долгите светла (+0.4%) со цел да постигнат уште подолг светлосен сноп, без притоа да се заслепуваат останатите возачи. Кога возилото ќе се движи со брзина под 90 km/h подолго од пет секунди, тогаш се враќа стандардниот агол на светлата.

Матричните диодни светла доаѓаат во комбинација со целосно диодни задни светла, со трите препознатливи шепи на Peugeot 308 и 308 SW. Тие се клучен елемент во изгледот на задниот дел и му даваат препознатливост на автомобилот, јасно идентификувајќи го како Peugeot, исто како предните светла.

Патуваме со Peugeot низ Мариово: Филмска прашина, скриени богатства, ликови од романи

peugeot 208 - Витолиште, Мариово

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes-AMG Project ONE ќе се вози прво во видеоигра

Kia го престигна Hyundai во продажбата на домашниот пазар