Стручното жири најмногу ги цени динамичната силуета на компактниот СУВ, новото толкување на дизајнот на носот, но и богатата опременост на Пежо 3008. Со истата награда беше одликувана и претходничката во 2017 година.
Деветти пат модел на Пежо е носител на најценетото одликување од светот на дизајнот. Откако претходничката веќе еднаш ги убеди експертите во 2017 година, сега тоа ѝ успеа и на новата генерација на компактниот СУВ.
Стручното жири од 39 членови од цел свет го одликуваше Пежо 3008 во категоријата „Дизајн на производ“, убедено од дизамичната фастбек-силуета, од новиот осовременет преден дел и од богатата опременост.
Матијас Хосан, главниот дизајнер на Пежо и главен заслужен за наградата се радува што „новиот дизајн на Пежо Е-3008 е одликуван со награда за дизајн Ред Дот. Пежо Е-3008 ги соединува изобилството од инспирации и храброста на Пежо и ги отелотворува сите вредности на нашата марка.“
Нов дизајн за носот, заден спојлер што изгледа како да лебди и современа опременост
Тоа што е дополнителна одлика на новата 3008, покрај нејзината каросерија во форма на купе, претставува отсуството на каков било хром во надворешноста. Место тоа, финишот на „чувствителните“ места за стилот е изведен со лакирање. Хромот во браникот напред и назад е заменет со метеорит сива боја, капите на ретровизорите се украсени со црна боја, исто како и долниот дел од каросеријата.
Светлата и маската на новата Е-3008 добија целосно нов дизајн, повикувајќи се на стилот од обновениот грб на Пежо. Тие директно преоѓаат во каросериската ламарина и тоа создава посебен впечаток.
Страничната силуета на каросеријата треба да потсеќа на мачка. Со купеовската завршница е создаден впечаток како 3008 да е многу подолга, иако е меѓу најкомпактните модели во сегментот. Новата платформа се грижи кабината да биде уште попросторна од претходната 3008.
Новата 3008, во почетокот достапна само во целосно електричната изведба Е-3008, прв модел е на Пежо што го поседува новиот панорамски и-Кокпит. Долгиот дисплеј од 53,3 сантиметри (21 инчи) ги соединува инструментите и средишниот контролен панел под заедничко стакло. Држачите се невидливи и дисплејот изгледа како да лебди над таблата. Дел од претставата е амбиенталното осветлување, за коешто може да се избира меѓу осум бои. Рефлексиите од посебно дизајнираните и алуминиумски панели внесуваат дополнителна димензија. Сето тоа се пренесува и во вратите.
Жирито годинава оценуваше производи од 60 држави, во 51 различна категорија. Наградите Ред Дот се доделуваат подолго од 60 години.
















