Француската жандармерија ќе вози хибридни Peugeot 3008 со 225 КС

Француското МВР ги презеде во својот возен парк првите 395 примероци од Peugeot 3008 Hybrid. Возилата што можат добар дел од дневната рута да го извозат со чисто електричен погон ќе бидат во служба на Националната жандармерија.

Службениците што се одговорни за почитувањето на редот и мирот во Франција веќе подолго време користат возила од Peugeot со хибриден погон во своето работно секојдневие. Маса возила Peugeot 3008 ѝ беа испорачани за жандармеријата уште во 2020 година, возила што главно остануваат незабележани. Хибридните СУВ-возила од француската марка што изгледаат како цивилни автомобили. Возилата од новиот контингент ги носат препознатливите полициски ознаки и ќе бидат во служба како автомобили за брза интервенција.

Обновувањето на налогот од полицијата е одличен доказ за францускиот производител дека неговите хибридни Peugeot 3008 ги исполнуваат потребите и строгите барања на полицијата, особено во поглед на издржливоста и перформансите на возилата. Секако дека е важно возилата да имаат и добра остаточна вредност, кога по завршувањето на предвидениот век на експлоатација во служба на граѓаните, возилата ќе бидат понудени на продажба.

Француската жандармерија во 2020 година нарача 1.263 примероци од Peugeot 5008

Француската полиција го исполнува планот за електрификација на возниот парк, со возила што се произведени во земјата. Со системска моќност од 225 КС и со вртежен момент од 360 њутнметри, но и со можноста возилото во електричен режим да се движи тивко при патролирање, Peugeot 3008 Hybrid е клучно освежување во возниот парк за брза интервенција на жандармеријата.

Техничките карактеристики на Peugeot 3008 Hybrid за француската жандармерија:

  • PEUGEOT 3008 Hybrid 225 eAT8, ниво на опрема Allure
  • Системска моќност на приклучен хибриден погон: 225 КС
  • Досег на струја: до 56 km
  • Моќност на батерија: 90 kW
  • Капацитет на батерија: 13.2 kWh
  • Потрошувачка, просек (поаѓање со полна батерија): 1,4 l/100km
  • Емисија на CO2, просек: 32 g/km
  • Боја: Celestial blue
  • Надворешна ознака GENDARMERIE NATIONALE

Возилата се произведени по нарачка на Министерството за надворешни работи во фабриката на Peugeot во Сошо. Доработката е извршена во EGP, во Орден, специјализирана каросериска работилница што е задолжена за сите возила за интервенција што се испорачуваат од групацијата.

Во тековниот квартал ќе се испорачаат и останатите возила за жандармеријата и за полицијата.

>>> Peugeot 3008 Hybrid4 е лав со одмерен залак

Го гледате лавот на сликата?

Целата моделска понуда на Peugeot на македонскиот пазар, со технички податоци, опрема и цени за секој модел, можете да ја погледнете во нашиот онлајн-каталог https://avtosalon.mk/

Претходна објаваTesla постигна рекордна заработка од 5,5 милијарди долари
Следна објаваВозачите во Британија ќе отвораат врата на холандски начин

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here